До познатата статуа на Волстрит поставена е статуа од Харамбе, шимпанзото од зоолошката во Тенеси кое беше убиено додека носеше тригодишно дете кое влезе во неговиот во неговиот простор во 2016 година.
Освен Харамбе, околу бикот биле наредени и 10.000 банани кои потоа биле раздавани на локалните мензи и банки на храна.
Организаторите сакале со ова да се привлече внимание на огромната економска нееднаквост меѓу луѓето, при што Вол Стрит се бананите кои им требаат на 99% луѓе, но може да ги има само еден процент.
„Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ.
„Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.
Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
„Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.