Словачкиот премиер Роберт Фицо со правото на вето го блокираше новиот пакет санкции на Европската Унија за Русија, кој опфаќа постепено укинување на увозот на фосилни горива.
Индустриите на Словачка и на Унгарија зависат од гасот и нафтата што ги купуваат од Русија. „Газпром“ се заканува со тужба од 16 до 20 милијарди евра ако Словачка го прекине долгорочниот договор за увоз на гас.
„Прво мораме да го дефинираме решението за овој проблем, па дури потоа можеме да разговараме за санкции“, порача Фицо.
Лидерите на ЕУ на самитот не утврдија ни што да прават со прегледот на Договорот за асоцијација со Израел, во кој беа пронајдени „индикации“ дека Израел ги прекршил обврските за човекови права со своите дејствија во Газа и на Западниот Брег.