- За октомври не успеале целосно да платат кирија 37% од американските мали бизниси кои вработуваат речиси половина од вкупните вработени во приватниот сектор.
- Најнапнато е кај рестораните: 49% не успеале да соберат доволно пари за најмување на просторот.
- Главен проблем е инфлацијата која ја покачува цената на киријата но и сè уште пореметениот ланец на набавки кој особено ги погодува сервисите за поправки и продавачите на коли.
- Директорката на српската државна радио-телевизија, Мања Грчиќ, поднесе оставка на функцијата по победата на Студентската листа на парламентарните избори.
- На средба со претставници на синдикатот изјавила дека е свесна дека кај дел од јавноста, нејзиното останување на функцијата се смета за „пречка за промени“. Пред да замине од РТС, ја смени главната уредничка на Информативната програма, Бојана Младеновиќ.
- Претходно претставникот на Студентската листа, Немања Каровиќ, гостувајќи на РТС го обвини раководството на државниот радио-дифузен сервис за долгогодишно пристрасно известување, отворено фаворизирање на владата на Александар Вучиќ и за „сервилен став кон режимот“.
- Радио-телевизија Војводина, пак, ја почна својата централна информативна емисија со извинување до гледачите поради „долгогодишните пропусти во известувањето“.
- „Јавниот сервис со години не ја исполнуваше својата функција. Се премолчуваше, се затвораа очите пред одредени појави, се известуваше еднострано и некритички, а вистинските прашања не се поставуваа или воопшто ги немаше. Поради тоа, им должиме извинување на гледачите“, прочита водителот.