Прженици

Вкусно мезе од зеленчук и сирење

Пржени домати, пиперки и фета.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

20 парчиња

Состојки

  • 3 јајца
  • 100мл. млеко
  • 300гр. брашно
  • 50мл. минерална газирана вода
  • 1 голем домат, исецкан на мали коцки и без семе
  • 75гр. печени пиперки, излупени и ситно сецкани.
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 200гр. фета сирење, изронето
  • 50мл. масло за пржење
  • песто сос

Подготовка

Изматете ги јајцата и млекото во длабок сад. Во друг сад ставете го брашното. Постепено додавајте ја смесата од јајца и млеко и матете ги додека да добиете изедначено тесто. Додадете ги доматите, пиперка, пармезан и фета сирење.

Загрејте масло во голема тава ја силен оган. Ставете една лажица од тестото во тавата и малку притиснете го за да се добие форма на плескавица. Пржете ги 2-3 минути од секоја страна. Повторете ја постапката со остатокот од тестото.

Послужете ги пржениците топли со песто сос.

11 април 2013 - 16:17