Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 400 гр. свински или пилешки џигер
- 150 гр. кашкавал
- 100 гр. чадена сланина
- 1 чешне лук
- 1 главица кромид
- магдонос, бибер, вегета
За палачинките
- 10 лажици брашно
- 2 јајца
- 2 чаши газирана минерална вода
- прстофат сол
- 2 лажици масло
За панирање
- брашно
- 2 јајца
- презла
Подготовка
Изматете ги во сад со средна големина јајцата за смесата за палачинки. Потоа додавајте го брашното една по една лажица со постојано мешање. На крај додадете 2 чаши газирана минерална вода и еден прстофат сол.
Печете ги палачинките во тава подмачкана со малку масло, на среден оган. Доволно е да ги печете по половина минута од секоја страна, бидејќи потоа ќе се пржат.
Во тава пропржете ја неколку минути сланината исецкана на ситни коцки. Потоа извадете ја на хартиена салфета за да се впие вишокот масло. Во истата тава пржете ги лукот и кромидот ситно исецкани. Додадете го џигерот исецкан на ситни коцки. Пржете неколку минути, а потоа додадете еден филџан вода и зачинете го со бибер, вегета и исецкан магдонос. Оставете го десетина минути да се динста. Поверемено промешајте.
На крај додадете го ренданиот кашкавал и добро промешајте ја целата смеса.
Виткајте ги палачинките, полнети со подготвената смеса, на сличен начин како што би виткале сарма. Потребно е палачинките да се добро завиткани од сите страни за да не истече смесата.
Пржете ги по една минута во тава со загреано масло на среден оган.
Сервирајте ги топли со прелив од мајонез.