Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 400 гр. моркови млади
- 16 кромида мали
- 1 лажица маслиново масло
- 45 гр. кафеав шеќер
- 2 лажици оцет балсамико
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во плех ставете хартија за печење.
Морковите изчистете ги, а главиците кромид излупете ги и исечете ги на половина. Измешајте го зеленчукот со маслиновото масло и распоредете го на плехот во еден слој. Печете околу 20 минути. Посипете го шеќерот и оцетот врз зеленчукот и убаво промешајте. Печете уште 25-30 минути додека не се испече и карамелизира зеленчукот.
Зачинете со сол и бибер пред служење.
На здравје!