Мусака

Мусака со сланина и праз

Малку поинаков рецепт за мусака.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 5 парчиња сланина, исецкани
  • 1 средна главица праз, ситно исецкан
  • 1 поголем компир, исецкан на тенки кругови.
  • 6 јајца
  • 100мл. хопла
  • 60гр. пармезан, рендан
  • 2 чешниња лук

Подготовка

Загрејте масло во длабока поголема тава на среден оган. Додадете ја сланината и празот. Пржете ги со мешање 5 минути. Потоа додадете ги компирите. Гответе ги уште 3 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во еден сад измешајте ги јајцата со хопла, пармезани лук. Истурете ја смесата во тавата. Гответе ја на рингла уште 5 минути па потоа префрлете ја во рерна. Печете ја мусаката уште 10 минути.
Послужете ја веднаш.

20 април 2013 - 00:52