Чекате гости?

Макало од штавеј

Вкусно макало од штавеј, пармезан и павлака.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 10 листови штавеј
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • половина лимон
  • 50 мл. маслиново масло
  • 50 гр. рендан пармезан
  • сол и бибер
  • 300 мл. павлака

Подготовка

Добро измијте ги листовите од штавејот. Загрејте вода во едно тенџере на силен оган. Ставете ги листовите од штавејот во зовриената вода и варете ги 30 секунди. Потоа извадете ги од водата и во цедилка исплакнете ги под млаз студена вода.
Исецкајте ги листовите од штавејот и ставете ги во блендер. Додадете исецкан кромид, чешне лук, маслиново масло и сок од половина лимон. Промешајте ги состојките во блендерот, па додадете го пармезанот и зачинете со сол и бибер по вкус. Продолжете со мешање уште една минута додека да добиете рамномерна смеса.
Во сад за сервирање ставете ја павлаката, додадете ја смесата од штавеј и добро промешајте со лажица.
Послужете го макалото со чипс или солени бисквити по желба.
На здравје!

31 август 2012 - 09:33