Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 главици млад кромид, ситно сецкан
- 400гр. пилешки гради
- 440гр тестенини по избор
- 1/2 лажичка лут буковец
- 1 1/2 лажици соја сос
- 1 1/2 лажички сусамово масло
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 краставица, исечена по должина, исецкана на многу тенки парчиња
Подготовка
Исецкајте 2 главици кромид на парчиња од околу 4см. Ставете ги кромидот и пилешкото во тенџере и прелијте ги со ладна вода. Зовријте ги на рингла на силен оган. Потоа намалете ја јачината и оставете ги да се варат 5 минути. Тргнете го тенџерето од рингла и оставете го да одстои уште 5 минути. Потоа процедете го и одстранете го кромидот.
Кога ќе се излади пилепкото исецкајте го на парчиња.
Сварете ги тестенините во поголемо тенџере со вода по упатството на ќесата. Потоа процедете ги. Исецкајте ги останатите главици кромид на ситни парчиња. Во мал сад измешајте соја сос, сусамово масло, буковец и црвен пипер.
Во длабок сад измешајте го пилешкото со тестенините и краставиците. Прелијте ги со зачинетиот соја сос и промешајте ги.
На здравје!