Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
55 мин.
Вкупно време:
1ч. 15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 пилешки батаци со карабатак
- 4 компири, крупно исечени
- 2 корена пашканат
- 100гр. мали моркови, излупени и исецкани
- 4 чешниња лук, неизлупени
- 3 лажички свежа мајчина душица
- 25гр. путер
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици брашно
- 200мл. пилешка супа од коцка
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Засечете ги батаците со по 2 длабоки засеци до коската.
Во длабока тава за печење наредете ги компирите, моркови, пашканат и лук. Одозгора наредете ги батаците и додадете мајчина душица. Прелијте ги со маслиново масло помешано со растопен путер. Зачинете со сол и бибер.
Печете ја тавата одкриена, 40 минути додека да се испече пилешкото.
Префрлете го месото и зеленчукот во голема чинија за сервирање. Тавата во која ги печевте ставете ја на рингла на силен оган. Излупете го лукот од лушпата и додадете го во тавата. Додадете брашно и пржете го во остатокот од масло 2-3 минути. Постепено додавајте ја супата од коцка со постојано мешање. Гответе го сосот уште 3-4 минути додека да згусне.
Послужете го пилешкото прелиено со сос.
На здравје!