Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 75 гр. спанаќ
- 1 кромид
- 50 гр. фета сирење
- 150 гр. рендан пармезан
- 4 тортиља пити
- бибер
Подготовка
Зовријте вода во едно тенџере и бланширајте го спанаќот 1 минута. Потоа исплакнете го со ладна вода. Исецкајте го спанаќот и измешајте го во еден сад со фета сирењето, пармезанот и ситно исецкан кромид.
Загрејте тава на рингла на среден оган. Врз една тортиља распределете половина од смесата па поклопете ја со втора тортиља. Ставете ги тортиљите во тавата и печете ги 2-3 минути од едната страна. Потоа внимателно превртете ги и печете ги од другата страна додека да добијат златно жолта боја и да се растопи сирењето. Повторете ја постапката со останатите две тортиљи и остатокот од смесата.
Послужете ги тортиљите топли. Пријатен апетит.