Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 60мл. соја сос
- 1 лажичка кафеав шеќер
- 1 лажица оцет
- 2 лажици сусам
- 1/2 лажичка сусамово масло
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кг. ракчиња, излупени
Подготовка
Во мал сад измешајте го соја сосот со оцет, шеќер, сусам и сусамово масло. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Загрејте ја скарата на најсилно. Во длабок сад измешајте ги ракчињата со маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Промешајте ги добро.
Печете ги ракчињата по 2-3 минути од секоја страна.
Послужете ги веднаш со сосот од соја.