Вкусно печено пилешко

Пилешко со зачини и лук

Печени пилешки батаци маринирани во совршена комбинација на зачини.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 2 лажички жалфија
  • 1 лажичка рузмарин
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 пилешки батаци
  • 5 чешниња лук исецкани на покрупни парчиња
  • 100 мл. пилешка супа од коцка

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Пилешките батаци избришете ги со хартиена салфета за да се впие влагата.
Во мал сад измешајте жалфија, рузмарин, мајчина душица, сол, бибер и маслиново масло. Добро промешајте ја смесата за да се искомбиираат вкусовите.
Со оваа смеса добро намачкајте ги пилешките батаци. Оставете ги да одстојат десетина минути. Поставете го месото врз плех за печење. Додадете го сецканиот лук и прелијте ги со 100 мл. пилешка супа од коцка.
Печете ги батаците во загреана рерна 40 минути. Послужете ги топли со гарнир по желба.
На здравје!

27 август 2012 - 07:00