Панирано пилешко

Пилешко со пармезан

Пилешки шницли панирани со пармезан и зачини

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 200 гр. лебни трошки
  • 100 гр. рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 2 лажици магдонос, ситно сецкан
  • 3 лажици рендана кора од лимон
  • 50 гр. брашно
  • 2 пилешки шницли
  • масло за пржење

Сос

  • 200 мл. доматно пире
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажички оцет балсамико
  • 2 лажички чили сос

Подготовка

Измешајте ги во чинија лебни трошки, пармезан, магдонос и кора од ли,он. Зачинете ја смесата со сол и бибер. Јајацето изматете го во чинија. Во друга чинија ставете го брашното. Панирајте ги пилешките шницли во брашно, па во јајаце па потоа во смесата од лебни трошки.
Ставете ги во фрижидер 30 минути.
Во меѓувреме пригответе го сосот. Измешајте го доматното пире со оцет, шеќер и чили сос во тенџере. Зовријте ги на рингла на силен оган. Потоа намалете ја јачината на ринглата и гответе го сосот на тивко 25 минути.
Ставете повеќе масло во длабока тава. Загрејте го на рингла на среден оган. Пржете ги пилешките шницли по 5 минути на секоја страна.
Сервирајте ги шницлите топли со приготвениот доматен сос.

12 февруари 2013 - 07:00