Тестенини

Пилешки лингвини

Лесен рецепт за тестенини со пилешко месо.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 главици лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 500 гр. лингвини
  • 700 гр. пилешки гради
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1 лажичка рузмарин
  • 3 лажици магдонос
  • 100 мл. бело вино
  • 100 мл. пилешка супа од коцка

Подготовка

Сварете ги лингвините во едно поголемо тенџере со вода според упатството на ќесата.
Додека се варат тестенините исецкајте го лукот на ситни парчиња и пропржете го во тава на среден оган ,со една лажица маслиново масло. Потоа извадете го лукот во една чинија. Додадете во тавата две лажици масло и пржете ги пилишките гради исецкани на коцки. Зачинете ги со сол и бибер и повремено промешајте ги. Кога пилешкото ќе добие кафеава боја извадете го од тавата.
Во истата тава додадете рузмарин, магдонос и зготвениот лук и пржете ги 30 секунди. Потоа додадете го белото вино и добро промешајте. Додадете 100 мл. пилешка супа сварена од коцка, промешајте и оставете ја смесата да се вари на среден оган околу 10 минути.
Вратете го пилешкото во тавата, додадете ги сварените лингвини и добро промешајте.
Тестенините послужете ги топли.
На здравје!

17 август 2012 - 19:56