Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500гр. мелено пилешко месо
- 1 јајце, лесно изматено со вилушка
- 2 чешниња лук, ситнос сецкан
- 100гр. лебни трошки
- 1 лажица ситно сецкан босилек
- 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
- 50гр. сецкани маслинки без семки
- 70гр. рендан пармезан
- 50гр. брашно
- 1 лажица маслиново масло
- мешана салата како прилог
Подготовка
Во длабок сад добро измешајте ги меленото месо со јајцето, лук, лебни трошки, босилек, кора од лимон, маслинки и пармезан. Во чинија ставете го брашното. Оформете со раце од смесата со месото ќофтиња со дебелина од околу 2см. Извалкајте ги во брашното. Поставете ги во плитка чинија, прекријте ги со фолија и ставете ги во фрижидер 20 минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Пржете ги ќофтињата по 1-2 минути додека да добијат кафеава боја. Префрлете ги во тавче премачкано со малку масло. Печете ги 10 минути.
Послужете ги пилешките ќофтиња веднаш со свежа мешана салата како прилог.