Време на подготовка:
40 мин.
Време на готвење:
1 ч. 15 мин.
Вкупно време:
1 ч. 55 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 2.5кг пилешки гради
- 1 лажица маслиново масло
- 2 главици кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, сецкани
- 1 лажица црвен пипер
- 4 домати исецкани
- 440мл. пилешка супа од коцка
- 90гр. павлака
- сол и бибер
- 2 лажици сецкан магдонос
Подготовка
Зачинете го пилепкото со сол и бибер. Загрејте масло во голема тава на среден оган. Пржете го половина од пилешкото 3-4 минути додека да добие златно жолта боја. Потоа извадете го во чинија врз хартиена салфетка. Повторете ја постапката со остатокот од месото.
Во тавата додадете кромид и лук. Гответе ги со мешање 2-3 минути. Додадете црвен пипер и гответе уште 1 минута. Потоа додадете ги доматите, пилешката супа и пилешкото месо. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата на 1.
Покријте ја тавата со капак и гответе го 50 минути. Потоа тргнете го капакот и гответе го уште 25 минути.
Одстранете го пилешкото од рингла. Измешајте павлака и зачинете го со магдонос.
На здравје!