Пица

Пица со сланина и јајца

Брза пица со готово тесто.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 парчиња сланина
  • 4 готови теста за пица
  • 4 лажици кечап за пица
  • 125гр. рендана моцарела
  • 4 помали јајца
  • 12 чери домати
  • маслиново масло и оцет балсамико
  • рукола за декорација

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење. Наредете ја сланината и печете ја 5-6 минути.

Одстранете ја хартијата од плехот и намачкајте го со малку масло. Поставете го готовото тесто за пица врз плехот и намачкајте го со кечап. Поставете по 2 парчиња од печената сланина врз секоја од пиците. Внимателно скршете по едно јаце во средината на секоја пица. Покрај јајцето поставете по 3 чери домати. Зачинете со сол, бибер и маслиново масло. Печете ги пиците 15 минути.

Декорирајте ги со листови рукола и малку оцет балсамико и послужете ги веднаш.  

 

21 март 2013 - 07:00