Тестенини

Печено рижото со сланина

Рижото со сланина, домати и пармезан.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 300 гр. ориз
  • 1 кромид сецкан
  • 250 гр. сланина пушена, сечена на мали парчиња
  • 25 гр. путер
  • 125 мл. бело вино
  • 150 гр. чери домати пресечени на половина
  • 700 мл. супа од коцка пилешка
  • 50 гр. пармезан рендан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Пржете ја сланината во загреана огноотпорна тава 3-5 минути додека не стане златна и крцкава. Додадете го кромидот и путерот и пржете уште 3-4 минути. Додадете го оризот и убаво промешајте. Додадете го виното и гответе неколку минути додека не се абсорбира. Додадете ги чери доматите и супата и убаво промешајте. Затворете ја тавата со капак, ставете ја во рерна и печете околу 30тина минути. На крај додадете го пармезанот и помешајте за да се растопи.

29 ноември 2012 - 07:00