Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 пакетче тестенини (шпагети или лингвини по желба)
- 400 гр. сланина
- 1 кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, мелен
- 200 грама варен грашок
- 3 јајца
- 400 грама рендан пармезан (или друго тврдо сирење)
- 400 грама хопла
- Сол и бибер
Подготовка
Сварете ги во вода тестенините според упатството на ќесичката.
Додека се варат тестенините исецкајте ја сланината на ситни коцки и ставете ја во тава со малку масло.
Пржете ја сланината додека да добие светло кафеава боја.
Потоа извадете ја сланината на хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
Во истата тава во која ја пржевте сланината додадете го ситно сецканиот кромид и лук и пропржете ги.
Во еден сад додадете ги трите јајца и матете ги со вилушка или жица за матење. Во јајцата додадете го ренданиот пармезан и добро промешајте.
Потоа додадете ја хоплата, зачинете со сол и бибер и продолжете со мешање додека да добиете изедначена смеса.
Кога тестенините ќе бидат сварени, исцедете ги во цедилка. Потоа префрлете ги во длабок сад, додадете ја смесата со јајца и добро промешајте ги.
Во допир со жешките тестенини сосот ќе се згусне. Потоа додадете ги во тестенините варениот грашок, сланината и пржениот кромид и лук.
Внимателно измешајте ги тестенините.
Сервирајте ги веднаш, посолени со рендан пармезан.