Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 80 мл. кечап
- 60 гр. кафеав шеќер
- 60 мл. вински оцет
- 1 лажичка Ворчестер сос
- 1 лажичка сенф
- 1/4 лажичка буковец
- 2 домати сецкани
- 2 лажици ситно сецкан кориандер
- сок од 1 лимета
- 1 авокадо сецкано
- 1 главица црвен кромид, ситно сецкан
- 8 тортиљи, подгреани
- 1 марула
- 800 гр. чадени пилешки гради
- павлака
Подготовка
Во тенџере измешајте кечап, шеќер, оцет, Ворчестер сос, сенф и буковец. Ставете ги на рингла на среден оган додека да зоврие смесата. Намалете ја јачината и оставете го сосот да се готви 3-4 минути додека да се растопи шеќерот и малку да згусне.
Чаденото пилешко месо исецкајте го на ситни парчиња. Во блендер изматете го авокадото. Потоа префрлете го во чинија и измешајте го со ситно сецкани домати, кориандер, кромид и сок од лимета. Зачинете со сол по вкус.
Тортиљите загрејте ги во тава на оган по 1/2 минута од секоја страна.
Поделете ја смесата од домати, авокадо и кромид врз топлите тортиљи. Додадете ситно сецкана марула и пилешко. Замотајте ги тортиљите и послужете ги веднаш со топлиот сос и павлака.