Брз ручек

Балсамирано пилешко со рузмарин

Вкусен рецепт за пилешки гради маринирани со зачини и оцет балсамико.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
35 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 4 лажици оцет балсамико
  • 3 лажици сецкан свеж рузмарин (или 3 лажички сув зачин рузмарин)
  • 4 чешниња лук, ситно сецкан
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе плех за печење намачкан со малку масло.
Во мал сад добро измешајте рузмарин, маслиново масло, сол и сецкани кромид и лук. Со оваа смеса рамномерно намачкајте ги пилешките гради. Наредете го месото во подготвениот плех и печете го во загреана рерна 35 минути.
По печењето оставете го пилешкото да одстои 5 минути пред да го послужите.
Исечете ги пилешките гради на парчиња, прелијте ги со по една лажица оцет балсамико и послужете ги со печен компир и салата по избор.
На здравје!

29 октомври 2012 - 07:00