Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 75 гр. овесни снегулки
- 100 гр. шеќер
- 1 лажица мед
Прелив
- 600 мл. слатка павлака
- 2 лажици виски
- 1/2 ќесичка шлаг пена
- 200 гр. малини (капини, боровинки или слично овошје по желба)
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден плех со хартија за печење, истурете ги овесните снегулки и лесно потпечете ги десетина минути.
Во едно тенџере загрејте го шеќерот на рингла на среден оган и со постојано мешање растопете го додека да добиете светло кафеав карамел.
Потоа во растопениот шеќер додадете ги потпечените овесни снегулки и една лажица мед и добро измешајте ги. Смесата истурете ја врз плехот обложен со хартија и оставете ја да се стврдне.
Во еден длабок сад изматете ја слатката павлака. Во павлаката додадете половина ќесичка изматена шлаг пена. Промешајте го кремот и додадете ги малините и 2 лажици виски. Добро измешајте ги.
Кога карамелизираните овесни снегулки ќе се изладат ставете ги во чиста ќеса и со сукало поминете преку нив за да се раздробат на ситни парчиња.
Во длабока стаклена чаша ставете една лажица од кремот од малини. Потоа додадете од карамелизираниот овес. Потоа додадете нов слој од кремот и најгоре декорирајте со овесни снегулки.
Пријатен апетит!