Лесен освежителен десерт

Јафа коцки

Вкусен рецепт за домашна ресана.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

20 лица

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 1 дл. млеко
  • 2 дл. масло
  • 200 гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 2 портокали
  • 100 гр. шеќер
  • 1 дл. вода

Фил

  • марамалад од портокали или сливи

Прелив

  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 150 гр. маргарин

Подготовка

Изматете ги жолчките со 200 гр. шеќер. Додадете масло, ванилин шеќер, млеко, брашно и прашок за пециво и добро промешајте.
На страна изматете ги белките па внимателно додадете ги во смесата. Промешајте ја смесата со лажица и истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
Печете го бисквитот во загреана рерна на 170 степени, 25 минути.
Испечениот бисквит оставете го малку да се излади па исечете го на половина по должина. Едната половина вратете ја во плехот и премачкајте ја со мармалад од портокал или сливи.
Другата половина од бисквитот искршете ја на парченца. Во едно тенџере растопете 100 гр. шеќер во 1 дл. вода на рингла на среден оган па со него прелијте ги парчињата бисквит. Додадете врз бисквитот рендана кора од портокал и сок од два портокали. Добро измешајте ги па распоредете ги рамномерно врз целото парче бисквит во плехот.
Во тенџере искршете го чоколадото за готвење на коцки, додадете маргарин и растопете го на среден оган. Со глазурата прелијте го колачот и оставете го да се излади. Послужете го пресечен на коцки.

30 јуни 2012 - 07:00