Донеле забрана и за движење во шума. Забраната не е само за групи поголеми од петорица, од тројца, од двајца (па да ги осуетиш оние на кои би им текнало да се соберат на пикник и да пафтаат скари), туку ама баш за секој, и за шетач поединец. И тоа скромно, од 6 сабајле до 8 вечер. После 8 смееш, ама, не смееш, пошто е полициски час. Ако не можеш во шума поради забрана, ако не можеш околу зграда бидејќи клупите ти ги спакувале во најлон, ај па тогаш да тркнеме до Веро?