„Ние нема да заборавиме. Тие ја славеа нашата смрт, тие играа на нашите гробови,“ порачува никој друг туку Роберт Малоун, научникот кој иако се смета за изумител на мРНК вакцините на кои се темелат повеќето вакцини против ковид, беше доволно доблесен да ѝ каже не на пандемиската хистерија која заликуваше на атмосферата од наци Германија. Што, не се сеќавате?
Претседателот Бајден по свои зборови е „машина за гафови“. Тоа, секако, не е оправдание, за претседателот да дава лажни и погрешни изјави, пишува проверувачот на факти за Вашингтон пост, Глен Кеслер, во својата анализа на американскиот претседател.
Убава е американската приказна дека глобално се одвива борба меѓу „демократии и автократии.“ Но е само приказна. Суштината е многу поконкретна: пристап до енергијата, одржување на униполарниот свет и зависноста од САД. Најголема колатерална жртва е Германија која неверојатно лесно го прифати предлогот да си пука во колено.
Без духовитост, или смисла за хумор, нема добар живот. Зошто? Зашто нашиот живот во оваа долина на солзите веќе е сам по себе небеска гњаважа. Кога еден ден човек сфаќа дека нивниот напумпан авторитет е само маска под која го крадат, е - тогаш е моментот да ги исмее и да ги направи мајмуни, што всушност и се.
„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“ гласеа колумни во угледни медиуми во хистеричните времиња на пандемијата. Tие некогашни карантински апостоли сега пишуваат нови колумни во кои предлагаат да си простиме за тоа што си кажавме и правевме едни на други во црните денови на ковидот. А извинување, каму?
Што подолго трае оваа прокси војна во Украина, толку поблиску САД доаѓа до директна конфронтација со Русија, а штом дојде до тоа, лесно е да се посегне по нуклеарките. Ако не верувате, посетете ги Хирошима и Нагасаки, градови кои немаа никаква воена важност а Јапонија веќе беше поразена. Беа уништени само за да се покаже сила.
Иако ковид вакцините немаат што многу да им пружат на младите возрасни групи и не го спречуваат ширењето на вирусот, тие сепак влегуваат во официјалните календари за имунизација. Боцкањето за ковид станува нивна секуларна крштевка, иницијација во телото на граѓанството, доказ дека се подобни да бидат членови на заедницата.
Мнoгумина адвокати на ЕУ се најдоа во небрано како да ги бранат колонијалните метафори на Борел за „градината и џунглата.“ Не дека не се согласуваат со тоа, туку затоа што е незгодно тоа да се каже 'така отворено'. Таквите како Борел не мислат дека џунглата е само „таму некаде“, туку и во самата Европа, на нејзиниот исток чии домородци се назадни и инфериорни и треба да се цивилизираат.
Смената на Лиз Трас е само уште една Курто и Мурто приказна. Англосферата која еднаш беше мотор на слободниот свет, во 2022 година не е ништо повеќе од илузија. Можеби добро е што милиони умови се освестија за време на ковид хистеријата, откако со свои очи видоа на какви брутални авторитарни мерки се подготвени нивните влади.
Тоа што се случи вчера меѓу Берлин и Париз е навистина загрижувачки, не само за франко-германското партнерство туку и за цела ЕУ, пишува новинарот на Политико задолжен за покривање на германската влада, Ханс вон дер Бурхард.
Во таа склеротична партија веќе нема место за слободномислечки луѓе, пишува Брендан О’Нил за одлуката на Тулси Габард да ја напушти нејзината матична партија. Таа долго ѝ бодеше очи на бањатата елита со богохулења од типот - во женски спортови треба да учествуваат само жени. Ма, свашта! Ја имаме Тулси и на подкаст кај Роган.
Како што украинската војска изјавува дека се надева дека нивната офанзива до зимава ќе стигне до Херсон, така Русија продолжува со подготовките за контра-офанзива која би можела да почне веќе следниот месец. Исходот од таа битка најверојатно ќе биде крвав и разорувачки, ама малку е веројатно дека ќе ја реши војната.
На Мат Таиби не му се верува дека приглупата герила- акција „со супа против Ван Гог“ е само смешна, кога се случува сред повеќегодишна војна против уметноста, книжевноста, музиката, хуморот, па дури и математиката и науката. Му се чини дека ваквите допрва фаќаат залет и дека нема уште долго да се смееме.
Вашингтон ја губи својата моќ во ОПЕК, Саудијците не се послушни како некогаш, светот влегува во муилтиполарност а војната во Украина е војна на Западниот финансиски сектор против енергетскиот сектор во кој доминираа Истокот. На првите им е јасно дека, енергијата, за жал, не може да се печати како парите.
Пред три години, за Њујорк тајмс батаљонот Азов беше „украинска нео-нацистичка парамилитарна единица“. Минатата недела медиумот пишуваше за емотивната средба на Азовци со своите фамилии. Така е уште од 1936 година, кога беа одушевени од Олимписките игри на Хитлер.
Новото сонце на просперитетот над Европа би можело да остане само тема за авторите на фикција. Стариот континент се соочува со досега невидени состојби при актуелното економско помрачување, и непријатности за чие решавање ќе мора да се напушти шаблонот од поновата историја. Тоа што боли е што во најголем дел, според Шоелхамер, Европејците сами направија од готово-вересија.
Советниците на Бајден изминатиов период го изучуваат тајниот договор со кој пред 60 години се избегна катастрофата од Кубанската ракетна криза и дебатираат дали е возможно да се постигне слична спогодба што би ставила крај на војната во Украина.
Какви сме ние тоа кукавици со испрани мозоци. Наместо да дигнеме глас за мир ние купуваме јод. Јодот ќе нè спаси од Путин? Што ќе нè спаси од Америка, тоа е клучното прашање на нашиот опстанок.
Само што Бајден пролетоска изјави дека Путин не смее да остане на власт, во порака која Вашингтон пост ја нарече „најпркосна и агресивна изјава околу Русија на американски претседател од времето на Реган“, советниците на Бајден веднаш се впуштија во ублажување и повлекување на пораката, пишува некогашниот советник на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.
Зависничката потрага на ЕУ по природен гас по секоја цена низ светот колку толку ја извади Унијата, ама предизвика сериозна болка кај сè што е сиромашно и не може да им парира со пари.
Уште пред американскиот претседател да почне да комуницира со умрени луѓе на настани организирани од Белата куќа, јасно беше дека Џо Бајден повеќе не е во најдобрите години, пишува колумнистката на Вашингтон пост, Меган Мекардл.
Теофил Панчиќ им посакува добредојде на Русите кои бегајќи од војната одбраа да дојдат во Србија но им дава и пар драгоцени потсетувања: овде луѓето ни се браќа сè додека тоа не нè обврзува на ништо конкретно а нај браќа се кога се далеку.
Победата на италијанската десница и 45 годишната Џорџа Мелони допрва ќе покрене цунами од текстови и анализи на тема што тоа ќе значи за Италија, за македонските евро-интеграции, судбината на Моноспитово... Пред да се изначитаме ваква била- таква била, да слушнеме од прва рака за што се залага Мелони.
За време на војната, руски и украински преговарачи тајно се состанале и некако скицирале решение за ставање крај на војната. Само што Бајден не бил задоволен а Борис Џонсон подоцна му објаснил на Зеленски: Дури и Украина да е подготвена за некои гаранции за Путин, Западот не е.