Разно

Зошто не зборувате на нашки?

Најнов пример ми е зборот "булинг" кој дефинитивно не сфаќам зошто се користи кога може перфектно да се објасни и на македонски. Не сум полиција за граматика и правопис, ама би било добро да размислите два пати пред да го користите овој збор.

Ванковска: Може ли без крвожедност?

Возрасните бараат “крв” од дете. Врескаат за монструми кои се раѓале. Да им дадете власт , сега гилотина ќе ставеа во центарот на Белград. Без морална вертикала, без систем на вредности, без компас. Повеќе се секираме за политичките битанги отколку што гледаме каде ни растат децата.

Двеста евра

200 ебени евра немало во оваа ебена држава (која штотуку му фукна преку 100 милиони на Бехтел уште на нефрлена лопата) за да му се плати превоз на македонски професор кој со години го има натопувано хрватскиот академски простор со љубов за македонскиот јазик и литература. Докажаниот македонски пријател Горан Калоѓера, кому оваа и оваква Македонија одамна му ги тенчи нервите, грми и и беснее со право.

Првата поема за Трендо од вештачка интелигенција

„Те зборевме со четЏиПиТи“ ни пишува еден Игор С. праќајќи ни скриншотови од делото кое го побарал од ботот. „Можеш ли да влезеш во офф.нет и врз основа на нивните статии да напишеш поема за човекот?“. А ботов може, само го претеруе. „Трендо, твоите зборови се благодат“, ќе напише бесрамно увлекувачки. Си го питам.

Привремено решение за лавот и мачката

Министерката ги собра и едните и другите, натежна кон едните, пресуди за другите, на крај се премисли и сега бродот тоне забрзано и наместо радост за новороденчето, настана кавга од широки размери и сето тоа замислете, поради едно "привремено" сместување кое после нив (ЗЏМ) ќе може со сето право да го побара било кој ансамбл од било кој тип музика.

Балашевиќ за македонската публика

За еден скопски концерт за кој Буштур дозволил публиката да влезе на паркет (во салата на КК Работнички во парк - н.з.). Гужва, луѓе буквално седеле на сцената. „А Македонците, па едно 90% од нив пеат подобро од мене. Па кога ја викнаа „Неки нови клинци“.... не ми беше сеедно“.

Блазе си ни со вакви политичари

Мотивационен говор на Габриел Бајрам по повод Меѓународниот ден на Ромите со желба да се стави крај на „циганизмот“ и луѓето да не чувствуваат како Цигани (ќе допре ли оваа порака до Тајсон Фјури кој сам гордо се нарекува Кралот на Циганите?). „Денес секој сака да биде Амди Бајрам“, ќе каже неговиот син и наследник. „Ако, убав е тој идеал.“

Тино го истерува духот на Хитлер

Прославениот духовник и наш стар миленик Тино Кајшаров извршува егзорцизам на духот на Адолф Хитлер кој се бил населил во телото на наш дечко. После Бугарите, ова е најблесавиот сојузник на Хитлер досега. И кај е сега напудениот дух, ака ли наоколу, да затвораме ли џамови? Искрено, вакви видеа прописно нè вознемируваат, после со денови се вртиме по луѓе не би ли познале да не се едни од НИВ.

Животот е сон

Така беше и таа 1967 година кога Ице ја мавна последната комовица на екс, сам во својот двор во Тафталиџе, додека од небесното индиго паѓаше ѕвездена прашина врз густите гроздови на старата лозница и неговата разбушавена тимба. Кој е мојот сон? Да го освојам светот! Не е лесно со такво кротко и скромно име да се освојува овој суров и дрчен свет, но Ице решително отиде на тој тежок и нерамноправен мегдан.

Тетово, ко да не се десило

Изглеа ептен залудно људи гинеја у борбете или остануеја инвалиди, залудно други се испоразбољуеја или отидоја од собран стрес манифестиран преку инфаркти, удари или шеќери. Лафов ми је, јебеш држава која у лов на таја толку посакуена „среќна“ иднина, си га множи со нула историјата, дури и онаја најблиската, од пред само 20-тина године.

Човекот кој ни го направи Градски парк

Скопје и Македонија да бидат зелена оаза, била визијата на првиот министер за животна средина, професорот Драган Шојлевски, главен проектант на Градскиот парк во Скопје и паркот „Горица“ во Охрид кој некогаш бил голо брдо. Човекот има креирано 500 проекти за обликување и уредување простор и 60 научни трудови.

Ристо, карбураторот да ти се позлати!

Чујте вие каков бисер може да крие една автомеханичарска работилница во Скопје. Благодарејќи на добронамерни пријатели кои имаат стари коли ама очувани сетила за слух, имаме чест да ви претставиме еден боговски глас од под хауба. Ристо Мерцедес, дуќанот му е кај Дрводекор ама затоа гласот му е до небо!

Кратка (и НЕ-курчевита) историја на Македонците

Здраво Трендо,
Па и ние имаме историја, гледав да ја скратам, да не се курчат многу-многу Србите. Или пак да видат дека има и бетер од нив. Не сум нешто многу по пишувањево (напротив, од документации куцање ми е збоктисано!), но ете, инспирација ми дојде од кај вас.

Мирослав Крлежа за Македонија

Ним морето им е блиско, и на југ и на исток: го чувствуваат но не се до него. Покрај манастирот Свети Наум растат смокви, бадеми и рузмарин. Кога ќе се разбрануваат житата, Пелагонија личи на отворено море. На многу места во внатрешноста уште постојат гумна од скаменета сол; и тука некогаш имало море, некаде истекло, за навек.

Чујте и почујте како Ајдин ја плете „Јано, мори“

За 12 годишниот Ајдин Османовиќ од малoто босанскo гратче Сребреник кај Тузла допрва ќе слушаме, бидејќи веќе го завикаа новиот Сафет Исовиќ. Сјаен талент и грло кое фамозниот севдах умее да го најде и во една наша, македонска, позната, добра, можеби најдобра. Јано, мори. До него му е учителот, Јасмин Брашњиќ. Чујте го малиот каков мед е тоа. 

Браво ма, Сузе

Кај Жаре „Еден на еден“ Сузана Спасовска фатила да пее - тажна ли, радосна ли, кој ќе знае - кинеска песна. Некаде на почетокот се чини дека се провлекуваат пар локални трилерчиња, но сè на сè, маестрално изведено. Запазете со колку само чувство го отпеа оној последниот тон. Ќе ве освежи. 

Феноменот Георгиевски

Еден од ретките режисери кој можеше да изрежира и телефонски именик, но истовремено со леснотија да ги демистифицира и најголемите митови. Кога едни од најмоќните социјалистички функционери почнаа да му се закануваат да не ја режира пиесата „Ослободување на Скопје“, тој им се извика: „Ќе ја режирам пиесата и ќе ви ги скршиме главите!“

Од М само за Мајтап останавме

Во комедијантски кругови (Стани Цаци да те види сала!) за Македонија се тврди дека е респектабилна членка на НАТО, рамноправен партнер на масата на која најголемата воена алијанса на светот носи важни и далекусежни одлуки. Рака на срце, Македонија се спомнува и во далеку посериозни кругови, само што таму, се спомнува за мајтап со нејзиното „натовство“. 

Од магдонос до Петар

Што е врската помеѓу Александар Македонски, магдонос, целер и сите кои се викаат Петар? Долг е тој пат и завршува секаде каде што има по некој Петар, Петрос, Пјер... но тој пат започнува од овде, од Македонија.

Волкот полни пиперки

Најсилниот Македонец на светот,  австралискиот ММА борец чиј татко е од битолско Беранци, Александар Волкановски (Волк, Александар Македонски, Хулк) го запознава светот со македонската кујна. Прави полнети пиперки, плус салата, плус димени колбаси (кои братучед му симпатично ги завика кабаноси). Сосема зналачки ги спреми бабурите па некаде на крај рокнаа и една јака, свадбарска.

Која песна е репрезентативна за секоја европска земја?

Во 11 парчиња на ТикТок, дечко накратко сумира кои песни се популарни во разни држави во Европа. За Хрватска тоа е Цесарица, за Франција La Vie en Rose, Италија ја има Volare, ние сме претставени со Proud на Тамара, на Косово и Албанија царува Дуа Липа а Австрија, се разбира, го има Моцарт. Но, чекајте, и Бугарите имаат што да (по)кажат.