
Бев на сите 30-тина рочишта досега. Молчев, го чекав завршниот збор на Обвинителството, затоа што двете обвинителки, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска велеа јавноста да се стрпи, сè ќе било разјаснето во завршниот збор.
Јавноста трпеливо чекаше, ама после завршните зборови јавноста сега има нешто да каже и да праша. Срам да ви е! Каде ќе ви оди душата, ако ја имате воопшто? Парите да ни ги вратите, да си поднесете оставки. Вие двете не сте за во Обвинителство, не сте способни да делите правда, не заслужувате да бидете орган на прогонот. Вие двете, и вашите шефови во ЈО, сите по ред ЗНАЕТЕ дека НЕМАТЕ докази против Александар, ама упорно си терате. Ви чуе вам што нему му ја скршивте душата на милион парчиња. Што невин го обвинивте дека е вмешан во смртта на детето.
НУЛА, нула докази имате против него. Ако вие сте глупави и без интелигенција, ако сте кукавици и извршувате наредби, има во оваа Македонија поштен и праведен свет што има три чисти да ви плесне во фаца – лажете бре! И ако за ова лажете, кој знае за што сè сте излажале и кого сè сте стрпале невин во затвор или сте го заборавиле во притвор, како што велеше една ваша колешка пијандура, позната по извршување нарачки. Доверба 2 посто?! И тоа ви е многу. Исто како што ви е многу платата од 3.000 евра и бонусите кои ги лапате на наш грб, а делите правда преку наш грб. Ма мрш бре.
Со цел памет денеска на завршните зборови тврдевте дека Александар им одал на убијците информација дека Вања по исклучок ќе оди сама на училиште во кобниот понеделник 27 ноември 2023 година, а за тоа не изнесовте ниеден доказ? Кој ви верува во тврдењето кое не го докажавте? Мислите судијата ќе ви поверува? Па тој се држеше за глава на моменти, нервози го искинаа од вашиот перформанс. Раскажавте во детали кој со кого комуницирал во критичните денови, преку кои апликации и во вашата телефонска анализа немаше НИЕДНА комуникација на Александар со кој било од идиотите убијци, ама нема врска тоа што нема доказ, битно е дека вие нешто ТВРДИТЕ. Епа, недраги прескапо платени обвинителки, џабе везевте, за Александар ништо не докажавте.
И најгрозно на свет, потсетивте дека бил зависник во младоста и дека тој не работел, за самиот да си ги чува децата, иако имал баби на располагање. Долно, подло, како што може и да се очекува после тоа ваше долно и подло обвинение против Александар.
И што се правите наудрени на неговите искази дека е брутално тепан? Дека му извршиле тортура оние инспектори Дејан Димовски и Музафер Каришиќ, дека брутално го тепале за да му изнудат признание. Башка што не признал ништо, оти и немал што. Камо истрага за Димовски и Каришиќ, знаете дека за изнудување признание со тортура се оди 8 години затвор! Па Мијалков го судеа за тортура за „пичка ти материна“ при апсењето на Бошкоски, ама за тепањето на Александар, никому ништо? Токму тие двајца, Музафер и Дејан, го осудија Ѓорчевски, им бил сомнителен. Велел дека Вања е киднапирана и не ја барал ноќе со нив во грмушки на Водно! А, што школо завршивте вие, обвинителки, зар не научивте дека од сомнеж до докажана вина има сериозна работа, која вие не сте сакале да ја завршите. Вам што ви кажале Димовски и Каришиќ, нивното субјективно чувство дека некој е сомнителен, сте го зеле за објективен доказ. Лудница. Овој ми е сомнителен, вика полицијата, и Обвинителство одма игра по тие ноти. Не обезбедува докази, ама обвинува за незамисливо тешко злосторство. Што си мислевте, ако помине, помине. Епа, не ви поминува!
Тешко нам со вас.
Знаете што му порачувате на народот? Дека државата секого може да го стави зад решетки, за кое било злосторство, без каков било доказ! Тоа е правда? Тоа е цивилизација? За мене не. Верувам и за илјадници други. Ма за целиот народ, освен за вас, кој јадете пари од народот, ама не го чувате.
Не во мое име. Не може Александар да биде осуден во името на народот, без докажана вина. Човекот треба да биде ослободен и рехабилитиран. Него го закопа Оливер Спасовски, тој докажан зборувач на вистината. Ама вие, обвинители, требаше да расчистите што е што во ужасното злосторство. А не расчистивте ништо. Кој е мотивот? Зошто е убиена Вања? Зошто не го баравте пиштолот и покрај тоа што беше речено дека пиштолот е даден кај конкретен човек на уништување? За што земате плата од народот, за да не барате оружје со кое се извршени две грозоморни убиства? Каде е пиштолот? Парите да ни ги вратите и да си барате друга работа.
Невини во затвор - неприфатливо! Некадарни во обвинителство - неприфатливо! Уаааа.
Соња Христовска Угриновска, виа ФБ
п.с. И кога ја спомнав онаа со „пичка ти материна“ од срамното СЈО, да споменам и дека Палчо имаше илјадници бомби, кои му ги дал предавникот Зоран Заев. СЈО почна истрага од каде му се бомбите на Палчо и ооооп, тонч, си се повлекоа, зашто ќе требаше и тате Заев да го апсат. А тоа не бива, нели. Бомбите имаа цел да се смени името на државата и психо Палчо имаше добро одиграна улога во таа приказна. Ова го пишивам за да не ми се закачат палчовисти на статусот, сиктер, одма да ви кажам. Да си ја сработеа тогаш најскапо платените обвинители од СЈО работата, наместо да ја рушат државата, Палчо одамна ќе беше во затвор, а Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска ќе беа живи. Јасно ли ви е, вие, обвинителите со вашето неработење сте одговорни! Да имавме Обвинителство, ќе имавме и саглам држава. Мекотели едни.