Бози против Ози

Ова е Ози на ваши години, а вие ај сега качете се на електричните тротинети и трк по безглутенски вејп со вкус на естрогенска малина и органски пудинг од чија за ручек. И да, зборувајте уште погласно и исклучиво на звучник по телефон, дур возите со тротинетите ко да имате 65 IQ по улица, баш не интерeсира тој англиско-ресенски сите околу вас.

Гледам “зед” или “алфа” или како и да се нарекуваат овие нови електричен тротинец генерации споделуваат трол-слики и подјеб ван контекст видеа од остарен и излапeн Ози.

Дечки и јас не ги слушав покојни Black Sabbath, а и метал генерално, ако имате воопшто појма и кои се и што е “метал”, ама знаете кога ќе бидат такви фраери овие вашите “фраери” што ве маваат со патики по глава на концерти и пеат ко Никола Бадев на стероиди ?

Никад! Па ни тад. Никад!

Инаку ова е Ози на ваши години.

Со луѓе на концерти колку ниедна платена промоција на Инста или ФБ нема да им помогне на вашите идоли да соберат толку.

А тогаш и немало тоа и најчесто одело од уста на уста.

Ова е млад Ози livin his authentic self (колку и боклук да било тоа - било вистинско, нешто што вам многу тешко ви оди - ко зара мињони сте) и KATA TON DAIMONA EAYTOY (ова и да го преведете не очекувам да го разберете и сфатите во неговата вистинска смисла).

Доброто однесување и почит се учат и се особено тесно поврзани и со себе-едукација и со вежби за меморија (а вие сте родени со 3G и WiFi и Интернетот тука сериозно помага) да знаете: некој кој е сега тоа што е - кој бил некогаш! Кој бил некогаш!

Значи ова е Ози на ваши години, а вие ај сега качете се на електричните тротинети и трк по безглутенски вејп со вкус на естрогенска малина и органски пудинг од чија за ручек. И да, зборувајте уште погласно и исклучиво на звучник по телефон, дур возите со тротинетите ко да имате 65 IQ по улица, баш не интерeсира тој англиско-ресенски сите околу вас.

Дарко Лешоски

P.S: Звучник се вика speaker инаку на македонски. Мотра те чија… тикви едни неписмени. Десингерици…

24 јули 2025 - 13:21