Започнаа натпреварите за македонските спортисти на Олимписките игри во Лондон, а на стартот, Марко Блажевски во трката на 400 метри мешано исплива под своето најдобро време.
Ако денот по утрото се познава, тогаш на Олимписките игри во Лондон ќе бидат срушени многу рекорди. Игрите уште не се ни официјално отворени, а веќе се поставени два нови светски рекорди.
Првиот олимписки оган бил запален на игрите во Амстердам во 1928-та година и од тогаш овој чин претставува наголемиот спектакл на отворањето на Олимписките игри. Во исчекување на вечерашниот спектакл, да погледнеме неколку од најдобрите палења на олимписките пламени во историјата.
Денес и официјално започнуваат Олимписките игри на кои 10.500 спортисти од 204 држави, 150.000 кондоми... овие факти веќе сигурно ви станаа досадни. Ај да научиме нешто ново.
Замислата на таткото на модерните Олимписки игри во 1896-та година била дека жените треба да се во публика и да им аплаудираат на спортистите. Тој сигурно ни во сон не помислил дека на едни Олимписки игри во иднина би можеле да се натпреваруваат 4.847 жени.
Во повеќето спортови голем дел од парите одат за договори на играчите, но и како награди за најуспешните. Инфографиков покажува како се распределуваат парите во десетте највредни спортски настани.
Џиткањето во вода може да биде и многу поелегантно од обична ласта или „бомба“ со прксање вода на сите страни. Натпреварите во синхронизирани скокови во вода се вистинска уметност.
Олимпиското село во Лондон започна да се гради во 2008-та година. Во него има 17.320 кревети, а по завршувањето на Олимписките игри, селото ќе се претвори во станбен комплекс. Погледнете како се одвиваше изградбата на целиот комплекс.
Британците тврдат дека испланирале како ќе ги користат новите градби од Олимписките игри во Лондон. И Кинезите го тврдеа истото кога поторшија 40 милијарди долари за игрите во Пекинг во 2008-та година, но четири години подоцна стадионите се распаѓаат, а некои веќе не ни постојат.
Шандор Тарикс со своите 98 години е најстариот жив олимписки шампион кој го освои златото во ватерполо постигнувајќи седум гола против Германија и тоа пред очите на Адолф Хитлер на Олимписките игри во Берлин во 1936-та година.
Информацијата за атлетичарот без нозе кој ќе настапи на Олимписките игри во Лондон стана главна вест во целиот свет, но подеднакво неверојатна е и приказната за слепиот стреличар од Јужна Кореја.
Детектори за погрешен старт, подземни антени, инфрацрвени ласери, камери кои сликаат по 2.000 слики во секунда... тоа е еден мал дел од опремата која ќе се користи на Олимписките „хај-тек" игри во Лондон.
Освен што нема да видиме многу македонски спортисти на Олимписките игри во Лондон нема да видиме и еден куп големи ѕвезди кои ќе ја пропуштат Олимпијадата заради повреди или пак затоа што веќе не ги бива како порано.
Освен за медали, делегациите на Олимписките игри во Лондон ќе се борат и за приматот „најлоша униформа“. Еве ги кандидатите кои влегоа во најтесниот избор.
Уште седум дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон на кои сигурно ќе има премногу моменти за паметење како оние од Пекинг пред четири години. Беа срушени 25 рекорди во пливање, Болт и Исинбаева поставија нови стандарди во атлетиката, Авганистан го освои својот прв медал во историјата... но Олимпијадата во Пекинг ќе се памети и по уште еден настан.