Доделени и првите медали во Лондон

На првиот ден по отворањето на Олимписките игри во Лондон веќе започна и распределбата на медали.

Првиот златен медал на Олимписките игри го освои стрелачката Ји Силинг од Кина која беше најдобра во дисциплината стрелање со воздушна пушка на 10 метри.

Таа го освои првото место со 103,9 поени, а на втората позиција заврши Силвија Богацка од Полска со 103,2 поени. Бронзениот медал го освои Дан Ју од Кина.

На Олимписките игри во Пекинг пред четири години Кина освои најмногу златни медали, вкупно 51, како и 21 сребрени и 28 бронзени.

28 јули 2012 - 13:37