Разно

Ден без рекорди на Олимписките игри

На десеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 18 дисциплини во осум спортови, но за прв пат од почетокот на Олимпијадата не беше срушен ниту еден светски ниту олимписки рекорд.

Болт од лего

Го видовме фантастичниот триумф на Болт со видео и слики од сите можни агли, па остана уште да ја видиме и симулацијата на трката со лего коцки.

Кој рече дека одењето е лесно?

Олимпискиот шампион во брзо одење, Русинот Валериј Борхин не успеа да си го одбрани златото откако се струполи на два километри од целта.

Чии се 100-те медали на Србија?

Нашиот северен сосед го прослави 100. медал освоен на Олимписките игри, наследувајќи ги и медалите освоени од сите спортисти од СФРЈ, па сега на пример златниот медал на Шабан Трстена од Лос Анџелес и е припишан на Србија.

А да беше вака и во Лондон?

Пред почетокот на Олимписките игри посакавме да има повеќе вакви настани и во Лондон, ама за среќа на спортистите не се исполни нашата желба. Еве го и второто продолжение од смешните „олимпијци".

Ефремов: Во Рио со олимписка норма

Единствениот македонски олимпиец кој не потфрли и го даде својот максимум на Олимписките игри во Лондон, атлетичарот Кристиан Ефремов најавува уште подобри резултати и пласман помеѓу најдобрите 16 на следните Олимписки игри во Рио 2016.

Кралот Болт остана на тронот со нов олимписки рекорд

Најбрзиот човек на денешницата уште еднаш докажа дека му нема рамен. Усеин Болт го освои четвртото олимписко злато со истрчани 9.63 секунди на 100 метри со што го сруши и олимпискиот рекорд.

Олимпиското злато за Енди Мареј

Британецот Енди Мареј успеа да му се реваншира на Роџер Федерер за поразот на финалето од Вимблдон и го освои златниот медал на тенискиот турнит од Олимписките игри во Лондон.

Гелана победник на женскиот маратон

Тики Гелана од Етиопија го освои златото на женскиот маратон на Олимписките игри во Лондон со време за нов олимписки рекорд.

Фелпс се збогуваше со уште едно злато

На последната трка на за него последната Олимпијада во кариерата, најтрофејниот олимпиец на сите времиња го освои 22. медал. На осмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа срушени пет светски рекорди.

Колинс суспендиран заради спиење со сопругата

Поранешниот светски шампион на 100 метри е исфрлен од репрезентацијата на Сент Китс и Невис заради недисциплина, односно затоа што за време на Олимписките игри поминал една ноќ со својата сопруга.

Серена ја збриша Шарапова

Американката Серена Вилијамс стигна до олимпиското злато по само 63 минути игра и со еден загубен гејм од Марија Шарапова.

Ефремов со нов личен рекорд во Лондон

Конечно еден македонски спортист кој не разочара во Лондон. На осмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри настапи и атлетичарот Кристиан Ефремов кој на трката на 400 метри постави нов личен рекорд.

Поделени првите медали во „кралицата на спортовите“

На осмиот натпреварувачки ден од Олимписките игри во Лондон започнаа и натпреварите во атлетика, а веќе се доделени и два медали. Мајкл Фелпс освои уште едно злато, 17-годишната Миси Френклин собори светски рекорд, а злато освои и 15-годишната Кејти Ледецки.

Федерер против Мареј за прво олимписко злато

Швајцарецот Роџер Федерер во реприза од финалето на Вимблдон против Енди Мареј ќе се обиде својата колекција на трофеи да ја збогати со единственото нешто што му недостасува во неговата кариера - златен медал од Олимписки игри.

Потфрли и атлетичарката Ристеска

На седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата единствена атлетичарка, Христина Ристеска која исто како и пливачите, не успеа да истрча ниту приближно на нејзиниот личен рекорд.

Топлес напад и на Олимпијадата во Лондон

Активистките од организацијата „Фемен" не ги поштедија ниту Олимписките игри во Лондон. Тие побараа од Меѓународниот олимписки комитет да ја прекине соработката со исламските земјите кои спроведуваат шеријатски закони.

И бразилските одбојкарки го владеат фудбалот

Сите Бразилци знаат да играат фудбал. Па дури и женските одбојкарки. Доказ за тоа е Фабијана Оливеира и овој неверојатен потег при поразот на Бразил од Јужна Кореја.

Сите пливачи „пуштаат“ во базен

Сигурно отсекогаш сте си го поставувале тоа прашање и конечно поранешната пливачка Карли Гир го има одговорот. Да, сите пливачи уринираат во базен.

Фелпс му се раваншираше на Лохти

Мајкл Фелпс триумфираше на трката на 200 метри мешано и го освои својот 16-ти златен медал и вкуно 20-ти на Олимписките игри. Спортистите од САД денес освоија вкупно шест, а по четирите денови пост, на Британците им тргна и по вчерашните две, денес освоија нови три злата.

Синхронизирано паѓање

На Олимписките игри постојат дисциплините синхронизирано пливање и синхронизирани скокови вода, па зошто не би постоела и дисциплината синхронизирано паѓање?

Шампионски превоз

И додека некој од олимпијците се луксузираат и во Лондон пристигнаа со своите приватни авиони, шампионот во мечување од Венецуела, Рубен Лимардо, остана скромен и по освојувањето на златото.

Симона Маринова убедливо последна

На шесттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата втора натпреварувачка, пливачката Симона Маринова која на трката на 800 метри слободно заврши на последното место.

Запознајте ги Лили и Елса

Ако случајно уште има мажи на светов кои се двоумат дали за време на Олимписките игри во Лондон да гледаат женска одбојка на плажа или дигање тегови, нека се запознаат со Шпанките Лилиана Фернандез Стајнер и Елса Бакеризо Мекмилан.