Разно

Фаќање на сезоната

Пабло Сандовал од Сан Франциско Џајантс го изведе најдоброто безбол фаќање, а видеово може слободно да се искористи и како реклама за мастики за џвакање.

Триумф на Фетел во Сингапур

Актуелниот првак на Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул триумфираше на ноќната трка во Сингапур.

Олимпијците им се вратија на метлите

Олимписките игри во Лондон веќе одамна се завршени, па спортистите се вратија на нивните работни места. За разлика од големите ѕвезди, некои спортисти не се толку среќни и мораат да прифатат секакви работни места за да преживеат и да соберат средства за тренинг.

Суспендирани за купување допинг преку интернет

Олимпискиот комитет на Швајцарија откри двајца „паметни" спортисти кои си нарачувале недозволени средства преку интернет и им изрече суспензии без воопшто и да им направи допинг тест.

Удри по судијата

Британскиот боксер Мајкл Спрот не можеше да ја прифати одлуката на судијата кој реши да го прекине мечот откако тој беше нокаутиран од Германецот Едмунд Гербер.

Ова да се пренесува

Веќе кога немаме англиско, шпанско и германско првенство на ТВ, би ги замолиле нашите телевизии да ги откупат правата за рагби лигата по долна облека (Lingerie Football League). Згодни девојки се тепаат во долна облека. Зарем требаат уште аргументи?

Како Кина произведува пинг понг шампиони

Уште откако пинг понг беше воведен како олимписки спорт во Сеул 1988-та година, Кинезите имаат целосна доминација во овој спорт со освоени 24 од 28 можни златни олимписки медали. Како им успева сериското производство на пингпонгари во Кина?

Од терен на породување

Играч на безбол тимот Бостон Ред Сокс го напушти натпреварот против Њујорк Јенкис и веднаш замина во болница каде се пораѓаше жена му.

Разлика помеѓу шкотски и медитерански дочек

Британците сонуваа за Гренд слем трофеј цели 76 години и конечно го дочекаа откако Енди Мареј победи на УС Опен, но не му се израдуваа премногу.

Егзибиционист со план

Доколку влетување на терен пиштол гол беше олимписка дисциплина, тогаш дечково што влета за време на средношколски рагби натпревар во САД сигурно ќе го освоеше златото.

Конечно Гренд слем титула за Енди Мареј

По пет часовна борба во финалето на тенискиот турнир УС Опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 и го освои својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.

Армстронг доби забрана и за трчање маратон

Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг не доби дозвола да трча на маратонот во Бостон заради доживотната забрана од Американската анти-допинг агенција.

Како стреличарството стана кул преку ноќ

Можеби е до „Игри на гладта", „Авенџерс" или цртаниот „Брејв". Или е некаков Робин Худ ефект. Но без оглед на причината, стреличарството преку ноќ од маргинален стана популарен спорт, кој за време на Олимпијадата ја надмина гледаноста дури и во однос на кошарката, со во просек 1,5 милиони гледачи.

Четврти триумф на Серена на УС Опен

Американката Серена Вилијамс на своето 30. Грен Смел финале го освои и 15. трофеј откако по четврти пат триумфираше на УС Опен со победата од 6:2, 2:6, 7:5 над Викторија Азаренка.

Жртвите на Грожан на подиумот

Тројцата возачи кои минатата недела настрадаа при сударот со Роман Грожан на почетокот на трката во Белгија, се искачија на подиумот на трката за Големата награда на Италија.

Кличко ја одбрани титулата со технички нокаут

Украинецот Виталиј Кличко по деветти пат ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата откако мечот против Мануел Чар беше прекинат во четвртата рунда заради расекотина и крварење на Германецот.

Параолимпиец без раце освои сребро во стреличарство

На Параолимписките игри во Лондон секој натпреварувач има своја приказна, но онаа на Мет Стацман е помеѓу најневообичаените. 29-годишниот параолимпиец успеа да освои сребрен медал во стреличарство и покрај тоа што нема раце.

Параолимписко злато за поранешен Ф1 возач

Пред 11 години поранешниот возач во Формула 1, Алекс Ѕанарди ја измами смртта кога во страшна несреќа ги загуби нозете, а од вчера тој повторно е спортски херој откако стана параолимписки шампион.

Колку чинеше Олимпијадата?

Лондон ги организираше едни од најспектакуларните Олимписки игри, но тоа задоволство да бидат домаќини на овој настан го платија скапо. Овој инфорграфик покажува колку чинеше Олимпијадата.

Со вибрирачки ракав ќе сервираме како Енди Родик

Дали некогаш сте сакале да можете да сервирате како Енди Родик или да играте голф како Тајгер Вудс? Наскоро сите ќе може да ги научиме нивните потези со помош на вибрирачки ракав.

Емотивното збогување на Енди Родик

По 609 победи и 32 титули, поранешниот светски рекет број 1, Енди Родик ја заврши својата богата кариера со елиминацијата од УС Опен. Нема потреба од повеќе најава, само земете си марамчиња пред да го пуштите видеото.

Нокаут со безбол топче

Брендон Мекарти од Оукленд доби страшен удар во глава со безбол топче, но за среќа помина без посериозни последици освен главоболка за која Угандин не му помага.

40 години од масакрот во Минхен

Олимписките игри отсекогаш претставувале најголем спортски празник, но не и оние во 1972-та година. На денешен ден пред точно 40 години во текот на Олимписките игри во Минхен беа убиени 11 израелски спортисти од страна на палестински терористи.