Во раните утрински часови на 5. септември во 1972-та година, осум припадници на палестинската терористичка организација „Црн септември" облечени како спортисти ја прескокнале оградата на Олимпиското село и влегле во собите на израелската олимписка делегација.
Двајца припадници на израелската делегација кои пружиле отпор биле веднаш убиени, а деветмина задржани како заложници. Терористите побарале ослободување на политички зарвореници во Израел, како и ослободување на двајца водачи на германска левичарска терористичка организација.
Германците им дозволуваат на терористите заедно со заложниците да отпатуваат со авион за Египет и тие вечерта тие се упатуваат кон воениот аеродром во близина на Минхен.
Но таму германската полиција прави погрешна проценка и организира лошо изведена акција за ослободување на заложниците.
Загинаа сите девет заложници, како и еден полицаец, а убиени се четворица терористи.
И покрај огромниот шок во целиот свет, Меѓународниот Олимписки комитет донесува одлука дека игрите мора да продолжат. Израелската делегација по масакрот ги напушти Олимписките игри, а во знак на солидарност истото го сторија и уште неколку делегации и други олимпијци.