Серена Вилијамс по десетти пат се покажа како подобра тенисерка од прворангираната на ВТА листата, Викторија Азаренка која остана на само една победа во меѓусебните дуели.
На натпревар кој траеше два часа и 18 минути, Серена го доби првиот сет со 6:2, а со истиот резултат Азаренка беше подобра во вториот.
Во третиот сет Белорусинката со два брејка дојде до 5:4 и сервис за победа, но Серена направи пресврт и го освои одлучувачкиот сет со 7:5.
Ова беше прв пораз на освојувачката на Австралија Опен на Гренд Слем меч оваа година, а Серена на петте титули од Вимблдон, петте од Австралија и една од Ролан Гарос, додаде и четврти трофеј од УС Опен по триумфите во 1999, 2002 и 2008 година.