Конечно Гренд слем титула за Енди Мареј

По пет часовна борба во финалето на тенискиот турнир УС Опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 и го освои својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.

Во драматично финале во пет сетови Енди Мареј по пет финалиња конечно освои еден Гренд слем турнир, успех на кој Британците чекаа 76 години по Фред Пери.

Мечот започна со исцрпувачко долги поени, а во првиот сет се одигра и најдолгиот поен со 54 разменети удари.

Првите два сета му припаднаа на Мареј, но бранителот на титулата се врати во игра и израмни на 2:2, но тој тука застана и решавачкиот сет му припадна на Шкотланѓанецот кој тирумфираше со конечни 7:6 (12:10), 7:5, 2:6, 3:6, 6:2.

Енди Мареј веќе има 24 титули во кариерата, но последните две се посебно важни. Минатиот месец тој го победи Федерер во финалето на олимпискиот турнир, а сега го дочека својот момент и победи уште еден голем шампион.

11 септември 2012 - 08:41