Мечот во Москва за титулата во тешка категорија во ВБЦ верзијата траеше не цели четири рунди. Предизвикувачот Чар уште во втората рунда се најде на подот, но во четвртата рунда доби удар со кој му беше пукната десната аркада. Заради расекотината и сериозното крварење судијата донесе одлука да се прекине мечот.
Германецот не можеше да ја прифати оваа одлука и беснееше по рингот, но по неколку минути го прифати поразот кој е негов прв во кариерата по 22 борби.
Светскиот шампион Виталиј Кличко на тој начин ја забележа 45-та победа во својата кариера (41 нокаути и 2 порази).