Разно

Се мотивира со страв од ајкула што му одгриза нога

На спортистите секогаш им е потребна мотивација за успех. За некој тоа се парите, а еден пливач на Параолимписките игри во Лондон се мотивира со страв од ајкулата која му ја одгризала ногата.

Пази што збориш

Еден наш новинар еднаш се осуди да каже лош збор за Величе, па после мораше да се соочи со него. Негов колега од Австралија помина многу полошо. За време на Олимписките игри во Лондон спортскиот коментатор Сем Њуман изјавил дека таеквондото е најсмешен спорт што го видел, па двајца олимпијци му објаснија некои работи.

Кутрата мажоретка

Американскиот колеџ рагби е многу интересен спорт. Пред некој ден еден рагбист си истрча 50 метри во погрешна насока, а синоќа настрада и една мажоретка.

Терорист освои 14 параолимписки медали

Шпанецот Себастијан Родригес Велосо кој на Параолимписките игри во Лондон освои два медали или вкупно 14 на три Параолимпијади, во 1985-та година бил осуден на 84 години затвор за бомбашки напади и убиство.

Хаос на стартот во Белгија

Формула 1 трката во Спа беше одбележана со победата на Џенсон Батон од Мекларен, но и големиот инцидент на стартот по кој настрадаа Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

Злато и светски рекорд за Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а во квалификациите успеа да го сруши и светскиот рекорд.

Двајца Македонци на најтешката трка на светот

Денес започнува најтешката трка на светот - планинарскиот ултра маратон со должина од 160км кој по јубилеен 10ти пат ќе се одвива околу Мон Блан.

Верверичка на УС опен

Зачестија животните на спортските терени. Вчера го имавме кучето Шарко на фудбалски натпревар, а денес и верверичката Ципирипи влета на терен за време на тениски натпревар на отвореното првентсво во САД.

Во погрешна насока

Можно ли е? Истрча преку 50 метри во погрешна насока, а другиве па трчаа по него за да го соборат. Среќа што новата сезона само што започна, па Андре Паркер од Кент Стејт ќе има доволно време да ги научи страните од теренот.

Давид и Голијат

195 сантиметри и 105 килограми против 167 сантиметри и 80 килограми. Каде со тој памет бе мали?

Гледај мамо, можам без раце

А можеш и без заби... Сепак Словенецот Игор Копсе успеа да се дотркала до целта и да победи на трката во Јужна Африка.

Параолимпијадата може да започне

20 дена по завршувањето на Олимписките игри, Лондон е домаќин и на Параолимписките игри на кои ќе настапат 4.200 спортисти од 165 држави кои ќе се натпреваруваат во 20 дисциплини.

Шумахер повреди четворица механичари

Ралф Шумахер, поранешниот Формула 1 возач и брат на Михаел Шумахер, повреди четворица механичари за време на трка во Холандија.

Хомосексуалците поуспешни од стрејт олимпијците

Само 23 олимпијци беа декларирани хомосексуалци, но 10 од нив се закитија со медали. Процентуално гледано, геј олимпијците освоиле шест пати повеќе златни медали од стрејт натпреварувачите на Олимписките игри во Лондон.

Кинезите го исценирале „најолимпискиот момент“

Се сеќавате на „најолимпискиот момент на Олимпијадата"? Епа Кинезите знаеле дека Лиу Ксијанг е повреден и имале однапред подготвено сценарио за целата ситуација.

Велосипедската легенда остана без титули

Еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, седумкратниот шампион на велосипедската трка „Тур де Франс", Ленс Армстронг објави дека се повлекува од борбата против обвинувањата за допинг.

Олимписки лудории

Еуроспорт редовно не расположува со нивната емисија „Ватс", а овој пат ги собраа сите лудории од Олимписките игри во 34-минутно видео.

Олимписките урнатини во Атина

Освен остатоците од античко време, Атина доби и нови урнатини. Тоа се остатоци од Олимписките игри во 2004-та година. Грците потрошија 15 милијарди долари за организација на оваа Олимпијада, но исто како и Кинезите од Пекинг 2008, не испланирале што ќе прават со дел од градбите.

Напредни хокеарчиња

Младинците од летонскиот хокеј клуб Бауер Селект и руски Локомотив од Јарослав си ги одмерија силите два пати во рок од два дена. А под „одмерување на силите“ подразбираме ќотек.

Денот на Болт

16 август е посебен ден за Усеин Болт. На овој ден во 2008-та година на Олимписките игри во Пекинг тој го собори тогашниот светски рекорд, а по точно една година постави ново најдобро време на трката на 100 метри.

Не сите Срби ги сакаат медалите од Југославија

На оваа тема веќе пишувавме поопширно, а сега и српските медиуми ја нападнаа министерката за спорт заради оспоруваното присвојување на медалите од поранешна Југославија.

Лондон 2012 на социјалните мрежи

За време на Олимписките игри најмногу се пишувало за Болт, најинтересен спорт за дискутирање бил фудбалот, најспоменуван бренд бил Мекдоналдс, а најкористен телефон бил Самсунг Галакси С3. Инфографик за целосното претставување на Олимпијадата на социјалните мрежи.

Да беше ова олимписка дисциплина

...ќе имаше многу македонски мажи кандидати за злато.

Се продава македонското знаме од Лондон

Организаторите на Олимписките игри во Лондон смислија решение за да се справат со вишокот облека и опрема од Олимпијадата. Сите непотребни работи се ставени на аукција, а помеѓу нив е и македонското знаме кое нашите олимпијци го носеа на церемонијата на отворање на Олимписките игри.