Како што и претходно пишувавме, Олимпискиот комитет на Србија како правен наследник на Југословенскиот олимписки комитет и Олимпискиот комитет на Србија и Црна Гора на петте освоени медали на Србија во периодот 2008-2012 ги додаде и 95-те медали од 1920-та до 2006-та година и го прослави освојувањето на 100 медали на Олимписките игри во Лондон.
Во освојувањето на 12 од овие медали учествувале и Македонци. Пет од нив во екипни спортови, а седум индивидуално.
За ова китење со туѓи перја реагираа и медиумите од Србија, а министерката за спорт не помина баш најдобро на гостувањето во РТС.