Шумахер повреди четворица механичари

Ралф Шумахер, поранешниот Формула 1 возач и брат на Михаел Шумахер, повреди четворица механичари за време на трка во Холандија.

Помладиот брат на Михаел Шумахер во моментов вози во Deutsche Tourenwagen Masters серијата за екипата на Мерцедес.

За време на тренинг пред трката во Зандворт, Холандија, автомобилот на Шумахер при напуштањето на пит-стоп потфати кабел и повреди четворица механичари.

Механичарите биле префрлени во болница, но за среќа поминале без посериозни повреди и само еден од нив бил задржан на лекување.

27 август 2012 - 10:16