Губиш 5-0 во прв сет и нормално е да дојде до попуштање на нервите по што прв на удар е рекетот. Американката Коко Вандевеге загуби 6-2, 6-1 од сонародничката Бетани Матек-Сандс.
Не само што имаа најдобро ефе на зелениот терен, туку маестрално лобуваа и на билјард таблите. Бекам ден денес поседува билјард клуб во Лондон а Зизу играл кога ќе му дозволат обврските.
Ако слави на УС Опен за што има најголеми шанси, Американката ќе стане првата тенисерка во последните 27 години на која ѝ тргнало од рака да ги освои сите четири Грен слема во една календарска година.
Откако доминираше на 100 и на 200 метри, Усеин Болт стигна до 10-то злато. Во ситуација кога нема никој кој може со него на патеката се најде еден камерман кој успеа да го совлада.
Најдобриот спринтер во историјата, Усеин Болт на доминантен начин стигна до титулата светски првак во спринт на 200 метри, откако денес на СП во Пекинг повторно беше побрз од најголемиот конкурент Гетлин. Јамајчанецот истрча 200 метри за 19 секунди и 55 стотинки. Гетлин заврши на второто место со 19;74.
Легендарниот коментатор на МТВ уште еднаш ја потврди тезата дека тој е доктор за настапите на Усеин Болт, а неговиот колега Душко Кораќ за оние на Јелена Исинбаева.
Светскиот рекордер на 100 метри, Хусеин Болт го освои златниот медал на Светското првенство во Пекинг, а нас нè освои легендарниот Душко Кораќ со коментарот на трката.
Следната легендарна приказна на Ивко Панговски кој ни ја раскажа се однесува на една историска скопска рекреативна дружба на која учествувал и тој и за која вели дека за малку ќе влезела во Гинисовата книга на рекорди.
Ако не прочитавте како доајенот на спортското коментирање глумел дека е глувонем за да не го истепаат и како Сељо направил трансфер заедно со кравата, тоа го имате во вториот дел од интервјуто на Панговски. Анегдотите ги продолжуваме со три случки од неговата архива.
На следните Летни Олимписки игри голфот ќе се игра повторно по 111 години, Косово ќе дебитира, а половина од картите ќе изнесуваат максимум 30 долари. Како проблем се потенцира загадувањето од човечки измет.
За да ја прочитате втората задолжителна лектира од легендарниот коментатор Ивко Панговски добро е прво да почнете со првата. Човекот кој добил две плати награда за интервјуто со Кирк Даглас, за шоуто кое го направил на Радио Сараево добил уште една. Ни раскажа и за еден трансфер во ФК Граѓански во кој бил вклучена и крава.
Главниот град на Кина е избран за домаќин на Зимските олимписки игри 2022 година и со тоа ќе стане прв град каде ќе се одржат и Летна и Зимска Олимпијада.
Иако наполни 33 години, Американката Серена Вилијамс и натаму тотално доминира во женскиот тенис за што доказ се трите Грен слема што ги освои сезонава.
„Ако немав лична карта, навистина немаше да поверувам дека сум на чекор до еден век живеење, особено кога ќе помислам дека не правам ништо посебно за да бидам ок“, вели поранешниот кројач кој почнал да се бави со спорт на 70 години.
За Ивко Панговски велат дека е коментатор со најмногу постигнати голови поради неговиот коментар по кој е најпрепознатлив: Гол, гол...не е гол. Ни го извади листот со составот на екипите од првиот пренос кој одел на Радио Скопје во 1946-та и од првото годишно собрание на ФСМ. Тоа што тој го има по фиоки, го нема на интернет.
Четирикратниот шампион во Ф1, Себастијан Фетел за прв пат во кариерата победи на патеката Хунгароринг и триумфот му го посвети на Жил Бјанки, кој почина минатата недела по 9 месеци во кома.
Минатата недела во Рио де Жанеиро се играше Светската лига во одбојка која што ја освои Франција, но поенот на месецот дојде од Панамериканските игри и мечот Канада - Мексико.
Словачкиот тренер кој носи големи заслуги за успесите на Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за односот со Борис Бекер и како работите по 6 напорни месеци, конечно легнале како што треба.
Судот во Аргентина донел одлука посмртните остатоци на легендарниот Хуан Мануел Фанџо да бидат ексхумирани од семејната гробница во Буенос Аирес, за докажување на татковство.
Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.