Фудбал

Без коментар за промашувањево

Барак Изаки е израелски фудбалер кој игра за Макаби Тел Авив. Против Рамат Хашарон вчера промаши нешто што не е реално да се промаши, среќа при резултат 1-3 за неговиот тим.

Како изгледаше Рома кога ја тренираше Спалети?

Харизматичниот ќелавко од Тоскана, после неколку години во студената Русија, се врати меѓу своите кои го пречекаа еуфорично на римскиот аеродром Фиумичино.

Зa што Реал и Атлетико Мадрид добија казни од ФИФА?

Мадридските великодостојници западнаа во проблем од кој пред две недели излезе Барселона. Во следните два преодни рока, летото 2016-та и зимата 2017-та нема да може да купуваат играчи. Зошто така?

Тотален Ливерпул на Енфилд во 360 степени

Како пред секој меч, така и пред дербито со Арсенал, на Енфилд Роуд грмеше You'll never walk alone. На официјалниот клупски канал, Црвените објавија видео на кое може да го фатите секој агол од трибините со помош на маусот. Интересно искуство.

Рекордерот од Мундијалите кој ја продаде Златната копачка за да преживее

Светското првенство во САД веројатно ве потсеќа на асови како Ромарио и Роберто Баџо, но дали ќе се сетитe на напаѓачот кој постигна рекордни 5 гола на еден натпревар?

Веројатно не е монтажа ова?

Двајца фристајл мангупи го предизвикаа Нејмар од пет обиди колку пати ќе ја погоди пречката со топка. Тоа помина океј, но потоа настана шоуто со тројцата кои ја гаѓаа стативата како што сакаат.

13 чудни фудбалски факти

Кои екипи имале најголема посетеност на Олд Трафорд? Кој е првиот англиски клуб кој излегол во Европа? Кој има 4 од 4 против Барса и која е единствената земја со два града со вкупно четири екипи во полуфинале од ЛШ?

Заборавената сторија за Вилем Топот Хеселинк

Светски шампион во влечење со јаже, рекордер во скок во далечина и пионир на форензичката наука кој го основал холандскиот Витесе Арнхем кој знаеше како се матираат противничките голмани.

Најстариот учесник на светско во критична состојба

Фарид Мондрагон, најстариот голман кој некогаш играл на едно Светско првенство се обидел да се отруе со повеќе испиени антидепресиви, и тоа само некое време по пораката на Инстаграм „Сам ќе бидам судија на моето постоење".

Јапонска царска смисла за стадионска покана

Наместо флаери, плакати, покани, броеви и слично, јапонскиот стадион Аџиномото реши на оригинален начин да ги повика гледачите.

Рамзи, ние не веруваме

На големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал кое заврши 3:3 синоќа гол постигна и Арон Рамзи, кој беше најдобар поединец кај Топџиите. Сепак, мистеријата дека после негов гол умира некоја позната личност денес доби нова димензија. Почина британскиот глумец Алан Рикман, познат како Снејп од Хари Потер.

Реал и Атлетико добија шлаканица од ФИФА

Двата клуба од Мадрид се соочија со идентична казна која и истече на Барселона во овој зимски трансфер период.

Кој рекорд го држат Михајловиќ и Сињори?

На двајцата поранешните фудбалери на Лацио им успеа нешто што до сега не им успеало на други фудбалери во Серија А и тоа на ист стадион.

Како Мемфис Депај падна во седмиот круг од адот

„Стилот на Депај му одговара на Манчестер. Мислам дека е тип на играч кој ни недостасуваше уште од времето на Кристијано Роналдо, а претходно Бекам", изјави Гигс пред почетокот на сезоната, не свесен дека Холанѓанецот ќе биде најголемото разочарување.

Кифлата на Фирмино против Арсенал

Во дербито на 21. коло од Премиер лигата, Ливерпул и Арсенал одиграа меч за паметење затоа што во првите 25 минути паднаа 4 ефектни голови. Најубавиот беше дело на Бразилецот Роберто Фирмино од Ливерпул.

Најдобриот тим во светот за 2020 година

Мануел Ноер, Тиаго Силва, Марсело, Серхио Рамос, Дани Алвес, Андрес Иниеста, Лука Модриќ, Пол Погба, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо се во најдобриот тим за 2015-та. TheSPORTbible го состави како би изгледал за пет години и стави тројца од сегашниот.

Најпознати слободни играчи следното лето

Во јануари ретко кој се нафаќа да потроши многу пари и екипите најчесто преговараат со играчите кои во јуни ќе станат слободни во изборот на нова средина. Еве ги најатрактивните меѓу нив.

Само еден играч со бркови и плетенки освоил Златна топка

Холанѓаните и Германците се рекордери со по 7 признанија, прв меѓу црнците е Еузебио, а Барселона и Јувентус се единствени кои имале играчи со по четири Златни топки по ред.

Е мој судија

Енди Вулмер, еден од подобрите англиски судии сосема случајно со пета отвори контра за Виган кој во истата акција постигна гол против Шефилд Јунајтед. Мечот заврши 3-3, така што штетата на Вулмер (17-та секунда) помина со помалку притужби.

Коман со две нозе: Ибра е најголем егоист

Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, сега фудбалер на Баерн Минхен изјави дека Швеѓанецот кој му беше соиграч во Париз не знаел да се однесува со помладите играчи и бил многу дрзок со нив. Во ПСЖ има многу кланови меѓу играчите, вели Коман.

Како Лион го отвори новиот стадион?

Стегнатоста и стравот од терористичките напади пројде. Во Лион во саботата на големо се прослави отворањето на новиот стадион Стад де Лумиер со мечот Лион - Троа.

Постигна кош, па прими гол

Голманот фино лепо се порадува малку на тоа што веројатно не му успеало на ниту еден голман до сега, а противниците искористија гужва.