На четири кола до крајот на една од највозбудливите сезони во Премиер лига која покажа дека не е сè во парите, вниманието го привлече и Кристал Палас. Клубот понуди доста интересен и нетипичен начин за финишот на сезоната кој долго ќе го паметат.
Ко-сопственикот на Кристал Палас Џереми Хоскинс е голем колекционер на возови на пареа и еден од својата богата колекција реши да го пушти за навивачите во последното коло.
Од клубот излегоа со следново соопштение:
Планирано е да се патува со неодамна обновениот воз „Битката за класата во Британија“ кој е изграден во 1946 година и кој служел за источната железница во 1967-ма.
Локомотивата е именувана по управникот на командата во битката за Британија кој имаше клучна улога во воздушната одбрана на Велика Британија и следствено за поразот на плановите на Хитлер за инвазија врз оваа земја во Втората светска војна.
За жал, ова искуство нема да биде баш евтино и повратен билет од Лондон до Саутемптон ќе чини меѓу 216 и 242 фунти.
Во цената е вклучен и билет за мечот, освежувања за патот, како и пиво и вино за враќањето.
Дали е само тоа?
Во патувањето ќе се приклучат и тренерот на екипата Алан Пердју, како и фудбалерите.
Инаку Кристал Палас е на 16-та позиција на табелата и на 4 кола до крај е на 9 бода до зоната за испаѓање.