Фудбал

Ливерпул против Манчестер Јунајтед во Лига Европа

На денешната ждрепка во Нион беа извлечените осминафиналните двојки за Лига Европа каде немаме македонски претставници.

Детската радост на Вардар кој освои Куп во Бугарија

Левски и ЦСКА Софија се соочија со порази од Вардар во Балканика купот одигран во Сандански за играчи од генерацијата 2004-та. Иднината на Вардар ја води нивниот легендарен голман, Слободан Мутибариќ кој беше дел од шампионскиот тим на Југославија 1987 година. Децата со препознатливата песна на Комити им упатија поздрав од Бугарија.

Што испуштивме за роденденот на Донарума

Малиот вчера наполни 17 години, кои според тоа што го покажува до сега на голот на Милан никој не му ги дава. Уште две работи за него. Погледнете кој му нуди размена на дресови и колку натпревари за Милан има одиграно на 17 години во споредба со едни две легенди.

Како Ван Гал се радуваше против Митјиланд

Манчестер Јунајтед бркаше осминафинале во Лига Европа на Олд Трафорд откако на првиот дуел загуби 2:1 од Митјиланд, клуб оформен пред 17 години. На реваншот славеше 5:1, што е нивна највисока победа оваа сезона на сите натпреварувања, а Твитерџиите твитаа како Ван Гал вака ја славеше високата победа.

Петарда на Манчестер, елиминација за Наполи и Фиорентина

Манчестер Јунајтед си поигра со нервите на навивачите во првите 45 минути откако први примија гол, а потоа Мата промаши пенал. Тинејџерот Маркус Рашфорд беше херојот со два гола во второ полувреме. Базел со гол во 92-ра стана осминафиналист, а Борусија повторно беше подобра од Порто.

Радоста за прв пат да се победи на пенали

Можеби не сте знаеле дека едно поголемо англиско натпреварување за прв пат било решено преку пенали не многу одамна, во 2001 година или дека првото финале кое се реши на пенали на еден Мундијал беше она кога Роберто Баџо го утна цел гол против Бразил.

Пет причини зошто Донарума не личи на годините кои ги полни денес

Голманот на Милан слави 17 години, а оваа сезона ги воодушеви сите со својата појава и одбрани како да е возрасен човек. „Психолошки сум еден чекор понапред“, вели за себе и ветува дека нема да ја чита биографијата на Касано.

Да му се верува ли на Кошелни?

Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.

Кога баш ништо не ти оди во животот

На Луј Ван Гал сезонава малку што му поаѓа од рака, па дури ни кога сака како човек да се напие вода.

Фудбалот е одвратен, ми бараат пари за да бидам тренер

Поранешен капитен на Наполи открива како работат некои од италијанските нисколигаши.

Пешачи и пак е најдобар

Аргентинецот е играч кој истрчал најмалку километри во Лигата на шампионите сезонава по Налдо, централниот стопер на Волфсбург но и покрај тоа секогаш ги решава мечевите.

Меси и Суарез од Зимбабве

Родерик Мутума и Валентајн Н`Даба кои играат за Динамос од Зимбабве ги глумеа Меси и Суарез од Барселона. 

Географската агенда на Мурињо деновиве

На 17. декември лани Жозе Мурињо по вторпат во животот го напушти Челси, оставајќи го на 16-то место тимот кој само шест месеци претходно стана шампион во Премиер лигата.

Зошто е Симеоне модерен тренер

За разлика од тренерите од стар ков кој 95’ минути не стануваат од клупата, Аргентинецот да може би влегол да биде 12-ти играч на својот тим. Од таа причина во моментов е најценет и најбаран тренер во Европа.

Екскурзија на Сити во Киев, Атлетико до реми во Ајндховен

Фудбалерите на Манчестер Сити во целост ја искористија фаворитската улога и со 1:3 го прегазија Динамо во Украина. На вториот меч вечерва, ПСВ - Атлетико Мадрид без голови.

Четирите горди градови во Лига на шампиони

Српската престолнина Белград се наоѓа во одбрано друштво со Мадрид, Лондон и Милано како еден од единствените четири градови кои во финалето од Лига на шампиони/Куп на Шампиони до сега имале два претставника во финале.

Мидтјиланд веќе го паркираше автобусот

Фудбалерот Тим Спарв од Финска кој игра за Мидтјиланд преку фотографија објавена на Твитер симболично презентираше како ќе игра неговиот тим на реваншот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд (утревечер од 21:05). Црвените Ѓаволи ќе бркаат негатива од 1:2.

Фудбалери пијте пиво

Едно откритие вели дека пивото може да ја подобри играта на фудбалерите. Тогаш лекарскиот тим на македонската фудбалска репрезентација нека го воведе како задолжително, ама не по една гајба на човек.

Ердоган го праќа Хакан Шуќур во затвор?

Поранешниот напаѓач на Галатасарај и Интер ќе биде процесуиран поради навреда упатена кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Шуќур негира, но неговата теза не е прифатена и се соочува со затворска казна.

Најголемиот кикс во кариерата на Виктор Валдес

Еден од најтрофејните европски голмани наместо во Лигата на шампионите, заврши на суд во Монако. Во Манчестер 8 месеци тренирал сам на страна, а денес го чува голот на белгискиот Стандард Лиеж.

Заспа или броеше чавки?

Ахед од Либан против Алтун Асур од Туркменистан се сретнаа во натпревар од азискиот Куп кој заврши 2:0 за домаќините затоа што голманот на гостите заборави што му е работа.

Лече - првиот фудбалски дом на Мирко Вучиниќ

„Еднаш со авион одевме за Белград, имаше страшни турбуленции, сите пребледеа само Мирко играше со тениско топче како ништо да не е. Таков беше и на теренот, ноншалантен“, раскажува Милоица, секретарот на ФК Сутјеска Никшиќ за Мирко Вучиниќ.

Како ќе изгледаше Шалке ако не ги продадеше ѕвездите

Нојер отиде во Баерн во 2011-та, Рафиња во 2010-та во Џенова (сега е во Баерн), Пападопулос во 2014-та во Баер Леверкузен, Вестерман во 2010-та во Хамбург (сега е во Бетис), Ракитиќ во 2011-та во Севиља (сега е во Барселона), Дракслер во Волфсбург во 2015-та, Озил во 2008-ма во Вердер (сега е во Арсенал). Останатите четворица не ги броиме, бидејќи уште играат за Шалке.

Македонија на Светско дури во 2026 година

Ако ова се оствари тогаш да потпишеме со две раце. А? Што викате? Со оглед на тоа чекаме веќе 25 години, ќе почекаме уште 10 бидејќи има голема веројатност Мундијалот да се прошири од 32 на 40 земји учеснички.