Малдини: Не би се вратил во ваков Милан

Легендата која 902 пати го облече истиот дрес зборува за состојбата во клубот каде мина 25 години. Тој смета дека една од грешките на Милан е што мислеше дека големите играчи ќе може да ги замени со помалку квалитетни и така ќе стигне до нови успеси.

Паоло Малдини е косопственик на Мајами, каде претседател е италијанскиот бизнисмен Рикардо Силва, а тренер Алесандро Неста. Но тој живее и делува од Милан, а американскиот второлигаш вели дека му е како една алтернатива по повлекувањето од фудбалот.

„Еден голем играч не значи дека потоа по дифолт останува да работи како функционер во некој клуб. Леонардо, Алегри, Сидорф и потоа Барбара Берлускони ми се јавија овие години и секогаш го ислушував. Сум и секогаш ќе бидам навивач на Милан и понекогаш некој ми се јавува за помош. Но имам прекрасен живот кој е подалеку од фудбалот. Јас во друг тим? Тоа е невозможно“.

За негов кам бек во клубот

„Сакам секогаш да имам право на избор, па дури и кога се работи како голем клуб како Милан. Актуелното раководство не гледа во мене како вистинска личност и тоа е избор за почит. Галијани? Техничкиот дел е дефицитарен и деструктуиран, а нешто фали и во делот на нивото на компетентноста. Тие што ме бараа сакаа од мене техничко-тактичка поддршка. Мислам дека проблемот во Милан не е тоа што Малдини е надвор од клубот, туку тоа што многу шампиони од минатото не се таму, што на пример во Баерн не се случува“.

За актуелната ситуација

“Според моето размислување мислам дека Милан помисли дека големите играчи можат да бидат заменети со помалку добри и дека тоа е доволно за клубот да има успеси. Тогаш имавме поделени задачи и имаше голема почит кон секој што има улога во клубот. Имаше автономно управување во Миланело (тренинг центарот), однос меѓу техничкиот дел, тренерите и играчите. Жал ми е што многу луѓе што беа во Милан и што би сакале да придонесат нешто ја немаат таа можност. Тоа не се однесува само на мене“.

За продажбата

„Мислам дека е апсурдно да се мисли на нова сопственост. Тоа се зборува веќе со години. Претседателот Берлускони на кого му посакувам сè најдобро, ме знае добро и верувам дека ме почитува. Јас со право можат да правам проценки. Дали сум уште достапен? Мислам дека за актуелното раководство не, бидејќи имаме сосема различни визии. Ова не го велам од снобизам, туку зборувам реално бидејќи јас создадов живот надвор од фудбалот. Промени на раководните позиции? Тоа не се прашања за мене. Кинески Милан? Тоа би било епска промена, но мора да се навикнеме на странските инвеститори. Тоа веќе се случи во големите првенства во Европа и ќе се случи и во Италија. Не треба да заборавиме никогаш тоа што го направи Берлускони, без разлика на критиките“.

2 јуни 2016 - 10:52