Фудбал

Олд скул фото на денот

Бирмингем 1999-та. Финале на Куп на Купови, екипата на Лацио пред мечот со Мајорка кој Римјаните го добија 2:1 со головите на Виери и Недвед. Стојат од лево на десно: Неста, Виери, Михајловиќ, Панкаро, Маркеџани, Манчини. Седат од лево на десно: Станковиќ, Фавали, Алмеида, Недвед, Салас.

Колку фали старата школа во англискиот фудбал

Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.

Барселона го освои Емирати, Јуве се спаси од пораз

По пауза од 10 години Каталонците успеаа да остварат победа во Лондон со двата гола на Меси кој со една нога ги носи во четвртфинале. Мечот во Торино донесе поголема возбуда каде Јувентус успеа од 0:2 да стигне до 2:2 и да донесе поголема неизвесност во реваншот.

Ако ги добиеме "циганите", ќе ти поклонам маица Лакост

Ова е ветувањето на тренерот на Партизан Ненад Бјековиќ пред 75-то вечно белградско дерби од сезоната 1984/1985 на кое настапуваа браќата Ѓуровски. Милко даде гол, но Црвена Ѕвезда не се спаси од пораз и тоа коло прв пат во историјата се најде на дното на табелата.

Шах-мат, голманот не мрдна

Рикардињо и Фалкао пазете го ова сега.

Контроверзниот црвен картон на Барселона - Арсенал

Овие две екипи последен пат во ЛШ се сретнаа во сезоната 2010/2011 и тоа токму во топ 16 фазата. На Емирати Топџиите славеа 2:1, а на Камп Ноу Барса им врати со 3:1 и обезбеди пласман во четвртфинале. Судијата ја претера со црвениот картон на Ван Перси.

30 причини зошто го сакаме фудбалот

Најдобрите додавања, дела кои го прават фудбалот далеку поубав од обична игра во која 22-ца трчаат по топка.

Држ’ се Рекреативо Уелва

Најстариот фудбалски колектив на Иберискиот полуостров поминува низ тешки времиња и се мачи во третата лига, но навивачите на Рекреативо Уелва немаат намера да престанат да бидат верна сенка на екипата.

Најлудите 10 прослави на гол, има и наш

Ќе ја искршам рекламата, ќе шмркам кокаин, ќе им се кезам на навивачите на Арсенал, ќе го хејтам судијата, ќе ги ставам гаќите на глава, ќе јадам морков, ќе и удрам глава на соблекувалната, ќе ги поздравам фашистички, Ај сега да ги видите.

Опасните и надежните бројки за Арсенал против Барселона

Има една лоша традиција на Каталонците поврзана со Лондон која домашните навивачи на Емирати се надеваат дека ќе продолжи и вечерва. Инаку триото на Барселона има дадено 20 голови повеќе од целиот тим на Арсенал.

Мотивациона реклама со Лионел Меси

Не паѓај и не се откажувај е мотото на новата реклама на Гејторејд, негазиран безалкохолен спортски пијалак кој пример за успешност зема од најдобриот светски играч според ФИФА, Лионел Меси.

500 фунти месечно за да го фалиш тренерот

Човекот кој изјави дека тренерите се како лубеници, никогаш не знаеш колку е добра додека не пробаш друга, има мрежа на луѓе кои ги плаќа за да го фалат на Фејсбук, тврди навивач на Лидс.

Егоизмот на генијалниот капитен

Конфликтот со Спалети не е ниту прв ниту последен во кариерата на Франческо Тоти. Во своето минато имаше неколку епизоди кои го покажаа неговиот незгоден карактер, така својствен за големите играчи.

Пол Мерсон - лудата глава на Арсенал

Секогаш помал од другите, но подобар техничар кој во една вечер можел да испие колку сите соиграчи заедно. На теренот одлично крило, во дискотеките и клубовите кокаин и алкохол до раните зори. Незаборавниот Пол Мерсон.

Еврогол со ножички во 90-та минута

До 85-та минтуа од дербито Индепендиенте - Расинг Клуб немаше голови. А тогаш домаќините поведоа 1:0 и кога беа пред освојување три бода, Лисандро Лопес со фантастични ножички на истекот на 90-та минута постигна неверојатен гол за 1:1.

Се повтори голот на Дејан Станковиќ

Даун Макет кој игра за португалскиот третолигаш Бареиренсе го искористи излегувањето на голманот ја опали од пола терен и не потсети на голот на Станковиќ против Шалке во Лига на шампиони.

Роналдо: Сакав многу да се вратам во Интер, но го одбраа Адријано

Бобо Виери го раскажа денот пред заминувањето на Роналдо од Интер, а „Феноменот“ викендов беше во Милано, гледаше Интер – Сампдорија, беше исвиркан, а новинарите го навратија на времето кога се врати во Милано, но не во Интер.

Митроглу требаше да бидеш Џек

Грчкиот напаѓач во Бенфика, Костас Митроглу го постигна првиот гол во победата на гости против Пакос Фереира, момент во кој еден навивач влезе на терен и му ја баци копачката. Редарите го изнесоа од теренот, а Митроглу требаше да испадне коректен и макар да го испрати до аут-линијата.

Збогум а не довидување за легендите

По случајот Тоти, се сеќаваме на Малдини кој беше исвиркан на прошталниот меч, Занети не го ставија на последното дерби, Дел Пјеро чекаше нов договор, а Реал ги фрли Раул и Касиљас.

Офсајд ликови на неделата: судиите

Викендов беше каша попара со судиите и тоа не во Свазиленд или Виетнам, туку во германското, шпанското и турското првенство. Издвојуваме три моменти, иако покрај толку фудбал сигурно имало уште некој циркус кој не сме го виделе.

Колку е мал Париз за Сако и Матуиди

Омилениот фудбалер меѓу навивачите на Ливерпул, Мамаду Сако се вози со мотор низ Париз и случајно наидува на колегата од репрезентацијата и фудбалерот на ПСЖ Блес Матуиди. „Париз е мало место гледај кого гледам. Мојот човек, Блес, Блес, Блес".

Островот лоша надеж за Барселона

Лас Палмас, тимот од Канарските острови е најтешкото гостување на Каталонците кои имаат негативен учинок против Канарците кога играат кај нив. Во што лежи причината?

Глупава замисла за слободен удар

Играчите на лидерот во англиската петта дивизија Челтенам Таун слабо прават разлика меѓу тренинг и натпревар.