Сте виделе ли до сега судија да свирне крај во една ваква ситуација? Обично оставаат акцијата да заврши и кога тимот напаѓа пред гол, а не па во овој случај. Апсурдот е на натпревар во Мексико.
Станаа првиот италијански клуб кој во рок од две години успеаа да влезат во втора, па во прва лига, ама следното коло ќе бидат првиот италијански клуб со 12 порази на 12 меча.
Италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа во само неколку месеци помина пат од дното на врвот. Самиот искрено признава дека ако не паднеш никогаш нема да знаеш како е горе. Се препороди во шпанска Валенсија каде дава голови како машина.
Актуелниот шампион на Европа синоќа доби две шлаканици од новиот прволигаш, кој во рок од 4 минути направи пресврт за златни 3 бода. Голот за израмнување е како да гледате двајца Меси во налет. Рамос и другарите не знаеа кај се наоѓаат.
Македонскиот репрезентативец игра сјајна сезона а доказ за тоа е и новиот гол за Леванте во ремито со Еибар на гости 2-2. Ова е четврти гол за Барди во Примера.
Фудбалерите на Палермо врзаа две победи по ред во Серија Б, откако беа во кризен период, а творец на новиот триумф е кој друг ако не Ил Капитано кој игра во топ форма и сега изби на втората позиција на најдобри стрелци во втората италијанска лига.
Роналдо, Роналдињо, Робињо, Кака, Адријано, Роберто Карлос...Колку тоа звучи бразилски. Овој епски состав играше самба и во соблекувална и на терен. Одиме.
ФИФА синоќа донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп ги призна за Светски шампиони, а меѓу нив и Звезда со Панчев и Најдоски. Се потсетуваме на едно финале во кое на гостинските фудбалери им било поважно да спасат глава, отколку да го освојат пехарот.
Светската куќа на фудбалот донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп, кој се играше 43 пати ги призна за светски клупски шампиони.
Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.
Жерар Пике стана главен херој па дури и на натпреварите на кои не е на теренот. Во Шпанија веќе два дена се зборува за неговата средба со свештеникот пред Мурсија.
Ич да не го мислите. Дел е од управата на Лацио, кој сезонава под водство на Симоне Инѕаги растура и во таква победничка атмосфера легендарниот италијански голман си гази лабаво во кафана. Тој со него е една друга легенда. Се вика Маурицио Манцини, еден од најценетите тим менаџери во Италија. Човекот има 77 години и работи во Лацио од 1971-ва година.
Стотици фудбалери и тренери минале низ англиската фудбалска лига, но ретко кој оставил впечаток кај навивачите како легендарниот чешки голман Павел Срничек. Ден денес по стадионите се скандира неговото име, затоа што беше симбол за непокор.
По пауза од 4 кола без триумф, Росонерите славеа убедливо со 1:4 на гостувањето против Киево. Пред да го постигнат четвртиот гол кој беше дело на Калиниќ покажаа огромно трпение, изразено во 43 додавања.
Порано беа седум и во тоа друштво спаѓаа Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио, Фиорентина и Парма, но сега времињата се сменети, а во моментот тој епитет го носат пет екипи, поради тоа што се непобедливи кога играат со другите.
Славниот италијански дефанзивец не е оној истиот од Јувентус. Требаше да добие црвен картон за потоа Милан без него да експлодира на гости со 4 комада на гости. Човекот кој работел со него во позадина смета дека ги живее најтешките мигови во кариерата и дека ќе се врати оној стариот.
За време на мечот Фламенго - Флуминенсе домашниот тренер Валдемар го спрема резервниот играч Марсио Араухо да влезе на терен а реакцијата на навивачите во позадина е епска!
Фудбалот често пати знае да испише инспиративни и емотивни приказни, а ако треба да се направи топ листа на 10, оваа ја ставаме на прво место, без конкуренција.
Советска тврда школа на фудбалот, далечен пат, лош терен, неискосена трева се само дел од стандардните оправдувања на тренерите и фудбалерите после поразите.
Tемата за Ана Франк сè уште е жешка во Италија, а се отвори и на прес конференцијата по мечот Фиорентина - Торино, на која српскиот стратег повторно беше во главна улога, овој пат со контра реплика.
Во романскиот фудбал вчера малиот Јанис Стоика постави историски рекорд откако дебитираше и даде гол на само 14 години. Цел живот ќе го памети мечот за својата Стеауа во Купот против Санататеа Клуж кој заврши 1-6 за гостите од Букурешт.
Во Италија и натаму трае скандалот со навивачите на Лацио и налепниците со ликот на Ана Франк. Играчите на овој тим пред мечот со Болоња излегоа во маици со портретот на најпознатото еврејско девојче.
Фудбалерите на Рома го победија Кротоне со пенал за кој слободно можеме да кажеме дека не постоеше, бидејќи Александар Коларов сам падна. Зошто не се искористи новата технологија за ваква крајно сомнителна ситуација која го реши мечот? За мода да не е ставена?