Фудбал

Не е можно дека му ја фати од толку блиску

Фудбалерите на Гремио славеа 0:3 против Барселона Спортинг клуб на првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес. Голманчето им е скроз лудо. Ова треба да се прогласи за одбрана на деценијата.

Зоран Балдовалиев ала Кристијано Роналдо

Со голот на Балдовалиев, Академија Пандев има предност од 1:0 по првото полувреме од дуелот со Шкендија. Ветеранот од Струмица веќе два гола по ред ги прославува во стилот на најдобриот играч во светот според ФИФА.

30 години од денот кога Бабунски плачеше од тага, а Југославија од радост

25 октомври е датум кој е влезен во аналите на југословенскиот спорт и ден кој се одбележува во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија. Најдоброто од овие простори му покажа на светот како се игра фудбал.

Комитите не звучат јако само во ЛЕ

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.

Интер ли е Барса ли е?

Миланскиот клуб после долго време е прв на табелата а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучано Спалети кој конечно ги намести сите коцки кај „Нераѕурите“. Синоќа ја победија Сампдорија 3:2, а вториот гол на Мауро Икарди беше после акција ала-Барселона.

Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг

Фудбалот во последниве 10 години се врти околу нив, тие важат за едни од најдобрите на сите времиња а необично е да се види како гласаат во изборот на ФИФА.

Наследникот на Болт е фудбалер од Индонезија

Теренс Пухири е за нас анонимен 21 годишен фудбалер кој игра за индонезискиот клуб Борнео. Не знаеме ништо друго за него, но силно сме убедени дека на тренинг го бркаат леопарди. 

На кого сè и како помага Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо вторпат по ред е избран за најдобар играч на светот според ФИФА. Тој им помага на Реал и на Португалија да освојуваат титули, но им помага и на обичните луѓе во светот.

Емотивното видео од збогумот на Тоти доби награда

Испраќањето на Франчесто Тоти во пензија е едно од најемотивните што може да постои кога е во прашање повлекување на некој играч од активно играње фудбал. Во Монтекарло го наградија во конкуренција на 12 други видеа.

Кој е малиот што го извади Венгер?

18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.

Кварежма со еден потег го измести Гаел Клиши

Дербито меѓу Бешикташ и Башакшехир заврши 1-1 со голови постигнати после 90’ минута, но момент на мечот беше дриблингот на Португалецот Кварежма над Гаел Клиши.

Несторовски збрца два комада за Палермо

По четири кола без победа, фудбалерите на Палермо конечно стигнаа до 3 бода во втората италијанска лига. Сицилијанците го совладаа Карпи на гости со 1:3, а творец на победата е кој друг ако не Нестогол, кој од јануари месец немаше постигнато гол на гости.

Првите мундијалски голови на 17 годишниот Пеле

Човекот кој е поим за фудбал и кој е прогласен за најдобар играч на 20-ти век, вчера наполни 77 години. Првиот Мундијал во 1958-ма го освои како анонимен малолетник и блесна со 6 голови. Ќе се роди ли друг фудбалер на планетава кој ќе го подигне златниот пехар на три Светски првенства?

Нејмар има повеќе жолти картони и од Пепе

Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.

Околу левицата на Александар Коларов

Препознатлив елемент во играта на српскиот лев бек се слободните удари. Од неговиот пријател и поранешен селектор научил многу за тоа како да ги матира голманите, а викендов ученикот го победи учителот.

И кога држи говор е најјак

Џиџи Буфон е људина. И кога брани и кога поздравува навивачи и кога дава изјави и кога држи говор. На 39-ти години ФИФА го прогласи за најдобар голман во светот и го смести во тимот на годината. И покрај тоа што англискиот му е клај клај, не е како другите Италијанци кои инсистираат да зборуваат на мајчин јазик. Почитта која ја имаат спрема него, се гледа во начинот на кој го гледаат од публика каде седат фаца до фаца.

Светски цар - доби црвен картон за 9 секунди

Фудбалерот на Росарио Централ Фернандо Тобио на мечот против Годој Круз мораше да се врати во соблекувалните после само 9 секунди игра затоа што како последен играч направи груб фаул и го исклучија.

Мрме и Пандев гласаа за Кристијано Роналдо

Селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација погодија кој ќе биде победник во изборот за најдобар фудбалер во светот за 2017-та. Со ова признание Кристијано Роналдо се израмни со Меси и сега и двајцата имаат по пет.

Нејмар и хулиганите од Марсеј

ПСЖ едвај извади бод на големото дерби против Марсеј на гости а тензијата беше толку голема што во еден момент додека Нејмар се спремаше да изведува корнер, од трибините полета сè и сешто. Бразилецот во 87’ минута доби втор жолт картон и беше исклучен.

Најлудиот пенал во историјата изведен на Тајланд

Мечот меѓу Бангкок Спортс Клаб и Сатри Ангтхонг на Тајланд заврши 2:2. Почнала серија пенали која траела долго а при 19:19 голманот на Бангкок направи нешто невидено досега.

Џовинко дроби во САД и си делка пивце на сред натпревар

Со три години стаж во МЛС лигата, малиот и снаодлив Себастијан Џовинко е на фанстатична бројка од 64 гола за Торонто. Неговиот тим синоќа одигра 2:2 против Атланта, а тој им тресна голчиште на кое џабе се трудеше голманот да го одбрани.

Кореографијата на навивачите на Галата на дербито со Фенер

Дербито на турскиот фудбал меѓу гигантите од Истанбул го одбележа прекрасната кореографија на домашните навивачи. Мечот го следат 50.291 гледач.

Пет реални факти произлезени од мечот Вардар - Реал Сосиедад

Пораз од 6:0 на домашен терен не може да не боли, а исто и гол разлика која вели 14 примени и еден даден гол на три натпревари. Затоа критиките од навивачите треба и мора да се сфатат како добронамерни и да бидат поука. Во четвртокот ноќта имаше киксеви кај клубот, играчите, ама и кај Комитите.

Сторија за насмеаното дете од Копакабана

Бразилецот Кака се опрости од МЛС лигата и е близу до завршување на кариерата. „Веќе не уживам во играњето фудбал зошто имам болки после секој меч“. Што не знаеме за сјајниот Бразилец?