Фудбал

Не постои напаѓач кој решава сè со магично стапче

Во долго и опсежно интервју за Кориере дело спорт, македонскиот напаѓач зборува за тежината да се постигне гол во втората италијанска лига, нешто што секогаш се очекува од него, за одговорноста на капитенска лента, а ги фали колегата Трајковски и младите репрезентативци на Македонија.

Доживотна забрана за таткото со дете на мечот на Евертон

Англискиот закон за спречување насилство на спортски манифестации е најпознат во цел свет. Кај нив нема „Го знам Петко ќе ми ја скине кривичната“.

Зошто Комити ја утнаа кореографијата?

Најверните навивачи на Вардар чекаа трибината што повеќе да се поднаполни со цел спремната кореографија да излезе како што треба. Одбројувањето за да ја кренат беше некаде околу 12-та минута (дали симболично или беа приморани тогаш) и цел стадион ги спреми телефоните во раце да слика и снима. Но нешто не испадна како треба. Очигледно требаше да пишува ПИРЕЈ. Утката со кореографијата ја надоместија со громогласно навивање цели 90 минути.

Делии блеснаа со две кореографии, но Жиру ги замолкна со ножички

Мрежите на синоќешниот меч од Лига Европа меѓу Звезда и Арсенал мируваа 85 минути, се до моментот кога Топџиите искомбинираа една феноменална акција по која Оливие Жиру се свитка како кифла и од тешка позиција постигна гол за конечни 0:1.

Немилосордните Баскијци броеа до 6

Фудбалерите на Реал Сосиедад се прошетаа на Филип Втори исто како Зенит. Иако Вардарци добија поголема поддршка на трибините за разлика од тој дуел, не променија ништо ниту во играта, ниту во пристапот. Мечот им беше очај, a стадионот почна да се празни пред време.

Новите шест правила на Хајнкес во Баерн

Дисциплината е збор кој најдобро го опишува старо-новиот тренер на Баварците, Јуп Хајнкес кој се врати од пензија за да го врати победничкиот менталитет, но и редот во клубот. Строгиот Германец им донесе тројна круна во сезоната 2012/2013.

Колку може Вардар против Реал Сосиедад

Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.

Пред 15 години коментаторот за него рече: Запомнете го имево

Денеска е голем ден за Евертон бидејќи го сметаат за еден од најлегендарните во поновата историја на клубот. Вејн Руни, дете со само 16 години, пред точно 15 години против Арсенал го постигна деби голот во Премиер лигата, кој му е врежан во глава на секој нивни навивач. Во недела знаете кои играат? Евертон - Арсенал.

Разочарани сме од јавноста и срамота е клуб како Вардар да игра во Ѓорче пред 30 души

Играше во ЛШ и имаше привилегија да ги чува Фалкао, Агуеро и Форлан, ама позначаен му е историскиот пласман на Вардар во ЛЕ. Им симнува капа на Комитите за авантурата до Норвешка, а журката со нив на Боемска улица ќе ја памети додека е жив.

Кој е тој Миле за кој зборува Мурињо

Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?

Тргнал цреп да прави селфи со Арсен Венгер

Нема оправдание за ова. Ни трема, ни возбуда, ни брзање, ни гужва...

Тренингов е како за Чех или Штербик?

Застанат во ракометарска поза со поставен робот кој му пушта пинг понг топчиња, Петр Чех постираше видео од еден би рекле невообичаен голмански тренинг пред дуелот со Црвена Звезда во Лига Европа. Реагира како да ги има годините на Донарума.

Како играчите на Манчестер го тешеа најмладиот голман во историјата

18 годишниот голман Миле Свилар синоќа постави рекорд откако стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Претходно рекордот го држеше Икер Касиљас. Малиот заигра против Јунајтед, направи кардинална грешка кога влезе со топка во гол по центаршутот на Рашфорд во 64’ минута, па гостите го тешеа да крене глава горе.

Спектакл и шест гола во Лондон, Јунајтед „мурињовски“

Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.

Најдоброто од детските денови на Меси во Барса

Со педантно сочуваната архива, Барселона може кога сака и колку сака да вади видеа од Меси кој уште од мал прави дар мар со топка. Оваа извонредна компилација е одличен приказ за тоа какво талентирано дете земале од Аргентина. Дете кое се претвори во најдобар фудбалер на светот и кое на Камп Ноу донесе 29 трофеи.

Како скромниот и малечок Чави стана великан

Бил мал, низок и слабичок па не му предвидувале сјајна кариера. Но тој, упорен каков што бил од дете, запнал да им покаже што знае со топка. Стигнува до првиот тим, освојува Светско и Европско, слави Лига на шампиони и му се заблагодарува на покојниот дедо.

Вреди ли Де Брујне колку стартните 11 на Наполи?

Можеби изгледа чудно и нелогично, ама такво време дојде денеска во фудбалот, еден играч на лидерот во Премиер лигата да биде купен за истите пари со кои е составена екипата која во моментов гази во Италија.

Документарецот за Баерн Минхен

Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.

Хаосот во Пиреја кога последен пат Грција играше со Хрватска

И едните и другите не сакаа да се паднат меѓу себе во баражот затоа што овој дуел носи голем безбедносен товар. Во 2011-та играа во квалификациите за ЕП 2012 и бидна што бидна на трибините.

Тебе Коларов да не ти е професор?

Ваидас Славицкас од Литванија, за нас тотален анонимус, изгледа со 10-та го положил испитот по распалување проектили кај Александар Коларов. Од преку 30 метри и тоа од место. Честито мајсторе.

Бешикташ згази и во Монако, Борусија е пред елиминација, а Ливерпул броеше до 7

Голеада во 3. коло од ЛШ на кое само вечерва паднаа 31 гол. Манчестер Сити и Бешикташ се единствените две екипи со 3 од 3, а Борусија и Монако се на маки со по еден бод. Тотенхем го сопре актуелниот европски првак, а Спартак Москва ја торпедираше Севиља.

Како се спремаат голманите на Вардар за Реал Сосиедад

Додека еден од асистентите на Чеде Јаневски, Белгиецот Стефан Ван Дер Хејден делеше задачи за фудбалерите на Вардар, тренерот на голманите, Мане Манов диктираше строгост и бараше целосна дисциплина од голманите, како и брзо реагирање со топка како што може да се забележи на видеото.

Мајмунот останува мајмун колку и да го дриблаш

Во фудбалското првенство на Мексико екипата на Леон го победи Тигрес со 1:0, а пред крајот на мечот домашниот играч Андрес Андраде за неколку секунди два пати го понижи гостинскиот бек Хорхе Торес кој немаше што друго па удри.

Како Вардар се остри за првите бодови во Лига Европа

Во опуштена и победничка атмосфера по дербито со Шкендија, фудбалерите на Вардар одржаа тренинг на два дена пред 3. коло во ЛЕ, каде ги очекува тешка пресметка против Реал Сосиедад. Капитенот на Црвено - црните не знае за пораз од шпански тим.