Од синоќешната средба меѓу Манчестер Сити и Наполи во Лигата на шампионите која заврши 2:1, излезе еден куриозитет. Математиката вели дека Кевин Де Брујне чини исто колку стартниот состав со кој Наполитанците гостуваа на Етихад.
Пеп Гвардиола и Маурицио Сари се тренери со слични идеи кои преферираат напаѓачки фудбал со многу голови. Манчестер Сити води на табелата во Премиер лига и има постигнато 29 голови на 8 средби, додека Наполитанците се први во Серија А со 26 погодоци на 8 меча.
Но нивните газди имаат сосема поинаква стратегија на трансфер пазарот. Манчестер Сити го почна вчерашниот дуел со тим изграден за 487 милиони евра, а Наполи првиот тим го купи за 74 милиони евра.
Тоа се пари со кои Шеиците платија само за Кевид Де Брујне, кога во 2015-та година направи трансфер во Волфсбург.
Наполи најмногу пари даде за Раул Албиол кој дојде од Реал Мадрид за 12 милиони евра кога Рафа Бенитез им беше тренер, а за Лоренцо Инсиње не потрошија ниту евро бидејќи им дојде од младинската академија.
Манчестер Сити: Едерсон (40м), Вокер (51м), Отаменди (44м), Стоунс (55м), Делф (11м), Фернандињо (40м), Стерлинг (62м), Де Брујне (74м), Давид Силва (28м), Сане (50м), Габриел Хезуз (32м).
Наполи: Реина (2м), Хусај (5м), Албиол (12м), Кулибали (7м), Гулам (5м), Алан (11м), Џоргињо (9м), Хамшик (5м), Калехон (9м), Мертенз (9м), Инсиње (0м).